КРАТКИ ВЕСТИ
4/07/2011 05:36:00 PM
0
ШТО СЕ СЛУЧИ СО ВЕБЕР ВО АВСТРАЛИЈА?
Иако од Ред Бул не се сигурни која е точната причината за слабите резултати на Вебер во однос на својот тимски колега, денес Хорнер рече дека нашле грешка во еден од задните амортизери. Хорнер не е убеден дека само тоа е причината и додава дека Вебер имал малку поинаква насока при подесувањето на болидот. Ред Бул ги замениле сите компоненти, за кои мислеле дека може да се причина за слабите резултати на Вебер.
ПОВТОРНО ТЕСТ ВОЗАЧИ ВО ПЕТОК
Повторно ќе видиме тест возачи на патеката и овој петок. За Форс Индија на патеката ќе биде Нико Хулкенберг, кој ќе вози наместо ди Реста. Во Кина работите ќе се повторат, но тогаш Сутил ќе го отстапи местото на Хулкенберг. За Торо Росо пак повторно ќе вози Рикардо, овојпат на местото на Буеми. Промена ќе има и во Лотус, каде што ќе го видиме Давид Валсеки.
МИХАЕЛ ШУМАХЕР ВЕЛИ ДЕКА МАЛЕЗИЈА ГП ЌЕ БИДЕ ЛОТАРИЈА
Михаел Шумахер верува дека Малезиското Гранд При ќе биде лотарија ако има пороен дожд во Сепанг за време на трката. Почеток на трката е во 16:00 по локално време, кога обично има пороен дожд, кој се прогнозира повторно како и минатата сезона. Шумахер смета дека ситуацијата ќе биде полесна на почетокот, бидејќи стартот на трката, најверојатно, ќе започне зад безбедносното возило, но тој се смета дека тоа ќе биде многу незгодна трка каде секој би можел да победи.
ХОРНЕР: АМАН ВЕЌЕ СО ТОА ФЛЕКСИ КРИЛО
Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека е крајно време нивниот ривал Мекларен да ја совлада 'едноставната математика " и да престане да се жали за предното крило на RB7, по обновените контроверзии околу флексибилните предни крила во Формула 1.
ПИРЕЛИ СО НОВИ ОЗНАКИ НА ГУМИТЕ !?!
На сликата може да ја видите новата ознака, која ќе биде тестирана од Пирели во Малезија. Во моментов нема информации дали таа ќе се користи во трката. Од Италијанската фабрика за гуми треба да учат уште да ги стигнат Бриџстон. :)
Tags
Share to other apps