ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА 1. Марк Вебер Ред Бул 1:37.651 22 2. Луис Хамилтон Мекларен 1:39.316 + 1,665 16 3. Михаел Шумахер Мерцедес 1:39.791 + 2,140 29 4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.377 + 2,726 23 5. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:40.443 + 2,792 31 6. Фелипе Маса Ферари 1:40.453 + 2,802 22 7. Ник Хајдфелд Лотус-Рено 1:40.525 + 2,874 6 8. Рубенс Баричело Вилијамс 1:40.581 + 2,930 21 9. Фернандо Алонсо Ферари 1:40.601 + 2,950 2310. Нико Розберг Мерцедес 1:40.646 + 2,995 2911. Адријан Сутил Форс Индија 1:40.734 + 3,083 2112. Даниеле Рикардо Торо Росо 1:40.770 + 3,119 2414. Камуи Кобајаши Заубер 1:40.872 + 3,221 2715. Џенсон Батон Мекларен 1:40.927 + 3,276 1616. Јарно Трули Лотус 1:41.620 + 3,969 2117. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.627 + 3,976 1818. Серџо Перез Заубер 1:41.642 + 3,991 2419. Тимо Глок Вирџин 1:42.154 + 4,503 2820. Жером де`Амброзио Вирџин 1:42.540 + 4,889 2021. Давид Валсеки Лотус 1:44.054 + 6,403 1822. Витантони Лиуци ХРТ 1:45.228 + 7,577 2023. Нараин Картикијан ХРТ 1:46.267 + 8,616 1024. Виталиј Петров Лотус-Рено 1:47.932 + 10,281 4 ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ TИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА 1. Марк Вебер Ред Бул 1:36.876 24 2. Џенсон Батон Мекларен 1:36.881 + 0.005 30 3. Луис Хамилтон Мекларен 1:37.010 + 0,134 23 4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.090 + 0,214 30 5. Михаел Шумахер Мерцедес 1:38.088 + 1,212 26 6. Фелипе Маса Ферари 1:38.089 + 1,213 31 7. Нико Розберг Мерцедес 1:38.565 + 1.689 25 8. Ник Хајдфелд Рено 1:38.570 + 1,694 16 9. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.583 + 1,707 2710. Џејми Алгуерсуари Торо Росо 1:38.846 + 1,970 3111. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.968 + 2,092 2512. Рубенс Баричело Вилијамс 1:39.187 + 2,311 3013. Виталиј Петров Лотус-Рено 1:39.267 + 2,391 1714. Камуи Кобајаши Заубер 1:39.398 + 2,522 2915. Серџо Перез Заубер 1:39.603 + 2,727 3416. Пол ди Реста Форс Индија 1:39.625 + 2,749 3117. Адријан Сутил Форс Индија 1:39.809 + 2,933 2818. Себастијан Буеми Торо Росо 1:40.115 + 3,239 3119. Тимо Глок Вирџин 1:40.866 + 3,990 2420. Јарно Трули Лотус 1:41.890 + 5,014 1921. Нараин Картикијан ХРТ 1:43.197 + 6,321 1522. Тонио Лиуци ХРТ 1:43.991 + 7,115 1423. Хејки Ковалаинен Лотус 1:44.886 + 8,010 4 По лошиот настап на својата домашна Гран При во Австралија(секогаш бил лош) пред две недели, Ред Бул направи неколку промени во подесувањето на неговиот болид и Марк Вебер го постигна посакуваниот ефект. Беше најбрз денес во Сепанг(секогаш е добар, интересни статистички факти подоцна во СТАТИСТИЧКИОТ СЕМАФОР), на првиот тренинг со импресивна разлика споредено со сите останати, но сепак, помалку доминантен на вториот слободен тренинг. Може да се каже дека Мекларен е поблиску до Ред Бул на оваа трка. Џенсон Батон беше само минорни 0,005 секунди зад најбрзото време на Вебер.
Првите четири возачи, составени од два болиди на Ред Бул и два болиди на Мекларен, беа расподелени во само 0,214 секунди разлика. Нивните најбрзи времиња логично беа поставени на гумите со мека компонента, но дали тоа се вистинските перформанси останува да биде потврдено во Квалификациите. На меките гуми Ред Бул и Мекларен се тука некаде, но на подолгите стинтови, т.е. со гуми со тврдата компонента Мекларен како да заостануваше малку повеќе во однос на Ред Бул.
Луис Хамилтон го мисли истото:"Сигурен сум дека тие(Ред Бул) имаат уште половина секунда во ракавот за утре. Но се надевам дека не е така, и дека сме поблиску до нив отколку што бевме во последната трка, но ние ќе почекаме и да видиме што ќе се случи утре."
Ферари повторно го нема меѓу најбрзите. Што се случува со Италијанскиот тим?!? Ферари како да не покажуваа интерес за лов на брзи кругови на пеколните 32 степени во Сепанг, наместо тоа се фокусираа на голем број на аеро подобрувања на својот болид. Традиција кажува дека тие секогаш не покажувале особени перформанси во петок, но што е многу слабо, многу е... И од изјавите на Алонсо се забележува дека не е се во ред во нивниот тим:
"Ќе видиме утре, каде сме, но ние не бевме премногу брзи денес, па ние не очекуваме чуда за утре. Знаеме дека ќе имаме тешки квалификации. Чувствувам дека тие(Ред Бул) се прилично брзи, така што борбата за Пол Позицијата ќе биде многу тешка. Следува тежок викенд, а ние ќе се обидеме, потрудиме да бидеме што е можно поблиску до лидерите, па во трката, со трошењето на гумите, стратегијата, можноста за дожд, ние може да се обидеме да забележиме пласман на подиумот. Тоа е наша цел секој ГП викенд."
Рено имаше загрижувачки прв слободен тренинг, кога и двата болида претрпеа механички дефекти. Виталиј Петров имаше излетување во чакалот покрај патеката, поради неисправен преден дел на болидот, а тимскиот колега Ник Хајдфелд успеа да се врати во боксот по заглавувањето на неговото десно тркало. Ниту еден нивни болид не беше подготвен за почетокот на попладневната тренинг сесија, бидејќи тимот се обидувал да добие целосно разбирање за настанатите дефекти. Но, и покрај ограниченото време поминато на патеката Хајдфелд беше осми најбрз, на ниво со Ферари и Мерцедес. Од Рено изјавија дека грешка во материјал е причина за серијата неуспеси на возачите во текот на тренинзите за Малезиското Гранд При.
Останатите тимови во рамките на своите можности, Мерцедес се уште ги бара своите вистински перформанси, а денес беше на нивото на Ферари. ХРТ извозеа многу повеќе кругови одколку на почетокот на сезоната, но ќе водат тешка битка за пласман на Трката, битка во која можеби на оваа трка ќе им се придружат и од тимот на Вирџин.

