Себастијан Ветел повторно ја освои Пол Позицијата, овојпат на Малезиското Гранд При, победувајќи го Луис Хамилтон во последниот круг од квалификациите во Сепанг. Кристијан Хорнер потврди дека тимот го користел КЕРС системот, а Германецот рече дека тој им помогнал да ја озвојат првата стартна позиција. Хорнер изјави дека ситемот кај Ветел функционирал беспрекорно, додека кај Вебер имало мали проблеми.
Хамилтон беше побавен за само 0.104с., а Марк Вебер на третата стартна позиција 0.309с. зад тимскиот колега, но само 0.021с. пред Џенсон Батон со вториот Мекларен на 4-тата стартна позиција. Фернандо Алонсо беше петти најбрз, но со огромно заостанување од половина секунда зад Батон веднаш пред него, а речиси цела секунда зад Ветел. Следуваат, Ник Хајдфелд, Фелипе Маса, Виталиј Петров, Нико Розберг и Камуи Кобајаши за заокружување наТоп 10 пласманот.
Двата болиди на Лотус-Рено стигна до Q3 и покрај тешкотиите на вчерашните тренинзи. Втората трка по ред, Михаел Шумахер пропушта да се пласира во Q3, повторно ќе стартува 11-ти, а овој пат од пласман во Топ 10 го попречи неговиот тимски колега Розберг. Многу причини за радост на Вирџин и посебно ХРТ по постигнувањето на времиња во рамките на 107%.
107% од најбрзото време беше: 1:43.516. Сите болиди ќе ја стартуваат трката, дури и ХРТ!
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:34.870
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:34.974 + 0.104
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:35.179 + 0.309
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:35.200 + 0.330
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:35.802 + 0.932
6. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:36.124 + 1.254
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:36.251 + 1.381
8. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:36.324 + 1.454
9. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:36.809 + 1.939
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:36.820 + 1.950
Q2
11. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:37.035 + 1.466
12. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:37.160 + 1.591
13. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:37.347 + 1.778
14. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:37.370 + 1.801
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:37.496 + 1.927
16. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:37.528 + 1.959
17. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:37.593 + 2.024
Q1
18. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:38.276 + 1.532
19. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:38.645 + 1.901
20. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:38.791 + 2.047
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:40.648 + 3.904
22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:41.001 + 4.257
23. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:41.549 + 4.805
24. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:42.574 + 5.830