Дизајнер на оваа патека е кој друг ако не Херман Тилке, а според многумина ова е едно од неговите најдобри дела во Формула 1. Малезиското Гранд При се одржува од 1999 година. Патеката е дизајнирана на задоволство на возачите, поради нејзината голема брзина, многу брзи кривини и одлични места за претекнување. Останатите учесници имаат критика на пропратните објектите на патеката, за кои се вели дека во последниве години се малку повеќе излитени. Сепак, Малезија ГП има договор да биде домаќин на трка до 2015 година со Петронас како главен спонзор. Најдобрите места за претекнување се кривините број 1, 4 и 15. Патеката е изградена на местото на поранешна плантажи на палми за добивање палмино масло и при нејзината изградба се преместени повеќе од девет милиони кубни метри на земјата. Околу неа се засадени 5000 палми како замена на уништените при изградбата, но и за подобрување на животната средина околу патеката. Времето секогаш игра важна улога во Сепанг, бидејќи секој ден има поројни дождови, поради големата влажност на воздухот. Само прашање е кога ќе се погоди да заврне.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел е Победникот од минатогодишната трка стартувајќи од третата стартна позиција. Интересно е што Ветел изминатите шест трки ги стартува од првиот ред, рекород го држи кој друг ако не Михаел Шумахер со осум последователни старта.
• Марк Вебер ја комплетираше минатогодишната 1-2 Победа за Ред Бул, и тоа беше негов прв пласман на подиумот во Сепанг, по пет последователни откажувања. Се квалификувал во топ 10 на оваа патека секоја година од 2004 наваму, но освојува поени само во изминатите три трки. Интересно за типување, Вебер го победил Ветел овде во 2009 и во 2010 година, што не е честа појава, имено Ветел го победил Вебер 28 пати од 37 Квалификации како тимски колеги.
• Џенсон Батон има незгодни настапи во квалификациите во Малезија, освен во 2009 година, кога ја освојува Пол Позицијата. Не се квалификувал во Топ 10 во 2007, '08 и '10. Но, тој обично е побрз од својот тимски колега во Сепанг. Има скор од 10-2 во негова корист, а последниот пат кога бил победен од страна на тимскиот колега беше далечната 2001, Џанкарло Физикела. Во 2004 година тој го забележува својот дебитантски пласман на подиумот, а во 2009 неговиот дебитантски Најбрз круг.
• Луис Хамилтон секогаш освојувал поени во Малезија. Неговиот најдобар резултат е од неговата дебитантска година, т.е. второто место во 2007 година, зад неговиот тогашен тимски колега, а сега лут противник Фернандо Алонсо. Во изминатите две Малезиски ГП не се квалификува во Топ 10. Минатата година тој заврши на шестото место, стартувајќи од 20-тата стартна позиција. Тоа е негова најлоша стартната позиција во кариерата.
• Фернандо Алонсо имаше лоша трка минатата година, во неговата прва сезона со Ферари. Тој се квалификуваше на 19-тата стартна позиција и трката ја заврши предвреме со дефект на моторот. Во Малезија ГП ја забележува својата Прва Пол Позиција и прв пласман на подиумот во 2003 година, неговиот 10-ти подиум во 2005 година и неговиот 25-ти во 2006 година. Тој стартуваше од Пол Позицијата во 2003 година и 2005 година, а Победи во 2005 и 2007 година.
• Фелипе Маса има две Пол Позиции во Малезија и тоа во 2007 и 2008 година, но и шест пласмани надвор од Топ 10. Тој нема пласман на подиумот во Сепанг, а неговиот најдобар резултат е петтото место во 2006, кога стартуваше од последниот ред, поради промена на моторот и следната 2007 година, кога тој стартуваше од Пол Позицијата. Значи од Маса очекувајте прво или последно место, кога му оди му оди ако кога не...
• Михаел Шумахер ги држи сите рекорди во Малезија: 5 Пол Позиции, 5 Подиуми и 3 Победи од 1999 до 2004. Но, одтогаш нема позначајни резултати, а минатата година не ја заврши трката.
• Нико Розберг заврши трет минатата година, неговиот единствен подиум тука, а за прв пат во својата Ф1 кариера стартуваше од првиот ред. Во 2009 година тој ја водеше трката, но дождот и лошиот пит-стоп го спуштија на осмо место. Неговиот скор со тимските колеги во квалификациите тука е 5-0.
• Ник Хајдфелд го забележа својот последен пласман на Ф1 подиумот во 2009 година во Малезија, кога тој беше втор. Тој беше на подиумот, исто така, во 2005 (трет), а во 2008 година тој го имаше својот дебитантски Најбрз круг за себе и за БМВ Заубер.
• Виталиј Петров не ја заврши минатогодишната трка поради проблем со менувачот.
• Рубенс Баричело водел на 5 Малезиски Гран При-ја, повеќе од било кој друг, но никогаш не Победил. Тој заврши на второто место во 2001 и 2003 година, а на третото во 2000 година. Во изминатите шест години има освоено поени само во 2009, во трка на влажна патека. Има негативен скор со тимските колеги во квалификациите и тоа 11-1.
• Адријан Сутил тука ја има една од своите најдобри трки во Ф1 кариерата во 2010 година, освојувајќи го петтото место. Тој стартуваше од четвртата стартна позиција.
• Камуи Кобајаши минатата година извозе само осум круга на трката кога неговиот менувач откажа. Во квалификациите го постигна својот најдобар резултат во кариерата, 9-тата стартна позиција, успех кој го повтори на Г.Н. на Австралија оваа година.
• Себастијан Буеми никогаш не се квалификувал или завршил во Топ 10 во двата настапи тука.
• Џејми Алгуерсуари минатата година ги забележа своите Први Ф1 поени тука со деветтото место. Тоа е и неговиот најдобар пласман, што го има и на Абу Даби ГП во 2010.
• Јарно Трули се има квалификувано во Топ 10 во Малезија девет пати, од кои три пати стартувал од првиот ред. Тој освојува поени на 6 од завршени 12 трки.
• Хејки Ковалаинен овде во Малезија го забележа својот Прв Пласман на Подиумот во 2008 година, со третото место. Тој исто така ги забележа своите први Ф1 поени во 2007.
• Тимо Глок беше трет во квалификациите и во трката во 2009 година, но минатата година тој се откажа веќе во третиот круг после контактот со Трули. Во 2008 година тој имаше уште една несреќа, со Розберг.
ТИМОВИ
• Ферари е најуспешниот тим во Малезија со 5 победи, последната во 2008 година. Минатата година беа најлошите квалификации за Ферари во изминатите 30 години, Алонсо беше на 18-тата, а Маса на 21-та стартна позиција.
• Мекларен има две Победи овде, во 2003 со Кими Раиконен и 2007 со Фернандо Алонсо, треба да се напомене дека и во двата случаи, грешки од таборот на Ферари го отворија патот за овие победи. Во 2003 Михаел Шумахер беше казнет за судирот со Трули, а во 2007 Фелипе Маса го блокираше тимскиот колега Раиконен. Во двата случаи Мекларен имаше еден-два Победа.
• Мерцедес ГП овде го забележа еден од своите три пласмани на подиумот во 2010 година со Нико Розберг.
• Ред Бул доминираа на минатогодишната трка со Пол Позиција, еден-два Победа, Најбрз круг и целата трка беа во водство. Пред тоа, тимот никогаш не стигнал до подиум во Сепанг.
• Вилијамс забележа еден-два Победа тука во 2002 година со Ралф Шумахер и Хуан Пабло Монтоја. Својот последен Сепанг подиумот го имаа во 2005 година со Ник Хајдфелд.
• Лотус-Рено Победи тука во 2005, со Фернандо Алонсо и имаше еден-два Победа во 2006, Џанкарло Физикела го победи Алонсо, но нема оттогаш нема пласман на подиумот во Малезија.
• Форс Индија минатата година ги имаше и двата болида во Топ 10 во квалификациитешто им успеало само во три наврати(2009 Италијанското ГП и 2010 Канада ГП). Како што напоменавме Сутил заврши петти.
• Лотус го имаше овде еден од своите два пласмани во Q2 во 2010 година, Хејки Ковалаинен се квалификуваше на 15-тата стартна позиција, подоцна беше на 13-тата стартна позиција во Белгија.
• Вирџин е со сличен рекорд, со Тимо Глок на 16-тата стартна позиција го имаше едниот од двата пласмани на тимот во Q2 во Квалификациите.
2011 МАЛЕЗИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
4/08/2011 12:51:00 AM
0
Tags
Share to other apps