Ветел денес беше неверојатен, супериорно возање, одлична тактика. Денес никој не беше на негово ниво. Првокласна трка за младиот Германец. Останува непобеден оваа сезона и покрај проблемите со КЕРС-от на неговиот болид. Ред Бул поголемиот дел од трката го поминаа без овој систем, кој изгледа им е најслабата алка во целиот болид.
Светскиот шампион повторно доминираше и во ни еден момент не му беше загрозено првото место, имаше доволно брзина и без КЕРС-от да остане пред своите ривали на овојпат сувата патека во Сепанг. Повеќето од возачите ги прашуваа своите инженери дали ќе заврне дожд, а со тоа да добијат шанса да го поминат Ветел.
Следуваат Џенсон Батон на второто и Ник Хајдфелд на третото место. Ник имаше импресивен старт на трката. Двајцата во мирна трка за нив, ги искористија грешките на Хамилтон, Алонсо, Вебер и трката ја завршија со одличен за нив пласман на подиумот. Батон го доби Хамилтон во неговиот трет и последен пит стоп, по рапидното намалување на разликата меѓу нив во стинтот пред влегувањето во бокс, но за нешто повеќе, т.е. напад на Ветел, немаше перформанси во неговиот болид.
Хајдфелд третото место го обезбеди со добриот старт, кој го упропасти со ложата тактичка одлука на тимот на Лотус-Рено многу рано да влезе во бокс, потоа повторно напредуваше, но да не беа грешките на Хамилтон и Алонсо тешко да ја завршеше трката на подиумот.
Марк Вебер во кошмарна трка за него, заврши на 4-тото место. Како што кажавме КЕРСОТ на Ред Бул е нивна слаба точка, Ветел го имаше половина трка, но оној на Австралијанецот беше расипан од самиот старт, а без него на Стартот на трката не може да се направи нешто повеќе, тоа го чинише скапо и тој падна назад на десетото место. Форсирањето за што подобар пласман, возење секогаш на максимумот е особено лошо оваа година со гумите на Пирели, така да мораше четири пати ги посети своите механичари, за разлика од трите Пит-Стопа на своите ривали. На крајот го стигна и Хајдфелд, неговиот болид имаше перформанси да го претекне, но немаше доволно време, а во последниот круг и неговото подвижно задно крило не успеа да се активира. Фелипе Маса заврши 10,5 секунди зад Марк Вебер на петтото место, во трка во која тој повеќе од времето го помина бранејќи ја својата позиција отколку да напаѓа.
Најголемите разочарувања на денот се Алонсо, 6-ти, и Хамилтон, 7-ми. Британецот беше најблиску до Ветел на почетокот на трката, но неговото темпо драматично падна во последниот стинт на тврдите гуми поради истрошеност на истите, откако непотребно форсирајќи со нив во првите кругови по излезот од боксот не успеа да ги зачува за до крајот на трката. На десет круга до крајот тој беше трет, но неговиот болидот се бореше да остане на патеката. Во таква ситуација беше лесен плен, а прв го стигна неговиот "омилен" ривал Алонсо. Ферарито имаше проблеми со неуспешното отварање на задното подвижно крило, но се очекуваше претекнување на Хамилтон во секој момент. Но на изненадување на сите Алонсо прави почетничка грешка, се залепи до Хамилтон и место да го претекне тој го уништи предниот спојлер од задната гума на болидот на Хамилтон. Резултат на сето ова е по уште еден непланиран Пит-Стоп и изгубена трка за Алонсо и Хамилтон. Топ 10 пласманот го заокружија Кобајаши, Шумахер, Ди Реста, кои возеа интересна трка за нив, често менувајќи си ги позициите, па заслушено ја завршија трката со по некој поен.
Најспектакуларниот момент во трката беше излетувањето на Виталиј Петров, кој во еден момент помисли дека е Ред Бул, па има крила и го лансираше својот болид во воздухот, но тоа кратко траеше, и брзо се приземји со скршен волан при контактот со земјата. Уште еден многу неуспешен викенд за тимот на Вилијамс, од кој се очекуваше многу повеќе.
UPDATE:Светскиот шампион повторно доминираше и во ни еден момент не му беше загрозено првото место, имаше доволно брзина и без КЕРС-от да остане пред своите ривали на овојпат сувата патека во Сепанг. Повеќето од возачите ги прашуваа своите инженери дали ќе заврне дожд, а со тоа да добијат шанса да го поминат Ветел.
Следуваат Џенсон Батон на второто и Ник Хајдфелд на третото место. Ник имаше импресивен старт на трката. Двајцата во мирна трка за нив, ги искористија грешките на Хамилтон, Алонсо, Вебер и трката ја завршија со одличен за нив пласман на подиумот. Батон го доби Хамилтон во неговиот трет и последен пит стоп, по рапидното намалување на разликата меѓу нив во стинтот пред влегувањето во бокс, но за нешто повеќе, т.е. напад на Ветел, немаше перформанси во неговиот болид.
Хајдфелд третото место го обезбеди со добриот старт, кој го упропасти со ложата тактичка одлука на тимот на Лотус-Рено многу рано да влезе во бокс, потоа повторно напредуваше, но да не беа грешките на Хамилтон и Алонсо тешко да ја завршеше трката на подиумот.
Марк Вебер во кошмарна трка за него, заврши на 4-тото место. Како што кажавме КЕРСОТ на Ред Бул е нивна слаба точка, Ветел го имаше половина трка, но оној на Австралијанецот беше расипан од самиот старт, а без него на Стартот на трката не може да се направи нешто повеќе, тоа го чинише скапо и тој падна назад на десетото место. Форсирањето за што подобар пласман, возење секогаш на максимумот е особено лошо оваа година со гумите на Пирели, така да мораше четири пати ги посети своите механичари, за разлика од трите Пит-Стопа на своите ривали. На крајот го стигна и Хајдфелд, неговиот болид имаше перформанси да го претекне, но немаше доволно време, а во последниот круг и неговото подвижно задно крило не успеа да се активира. Фелипе Маса заврши 10,5 секунди зад Марк Вебер на петтото место, во трка во која тој повеќе од времето го помина бранејќи ја својата позиција отколку да напаѓа.
Најголемите разочарувања на денот се Алонсо, 6-ти, и Хамилтон, 7-ми. Британецот беше најблиску до Ветел на почетокот на трката, но неговото темпо драматично падна во последниот стинт на тврдите гуми поради истрошеност на истите, откако непотребно форсирајќи со нив во првите кругови по излезот од боксот не успеа да ги зачува за до крајот на трката. На десет круга до крајот тој беше трет, но неговиот болидот се бореше да остане на патеката. Во таква ситуација беше лесен плен, а прв го стигна неговиот "омилен" ривал Алонсо. Ферарито имаше проблеми со неуспешното отварање на задното подвижно крило, но се очекуваше претекнување на Хамилтон во секој момент. Но на изненадување на сите Алонсо прави почетничка грешка, се залепи до Хамилтон и место да го претекне тој го уништи предниот спојлер од задната гума на болидот на Хамилтон. Резултат на сето ова е по уште еден непланиран Пит-Стоп и изгубена трка за Алонсо и Хамилтон. Топ 10 пласманот го заокружија Кобајаши, Шумахер, Ди Реста, кои возеа интересна трка за нив, често менувајќи си ги позициите, па заслушено ја завршија трката со по некој поен.
Најспектакуларниот момент во трката беше излетувањето на Виталиј Петров, кој во еден момент помисли дека е Ред Бул, па има крила и го лансираше својот болид во воздухот, но тоа кратко траеше, и брзо се приземји со скршен волан при контактот со земјата. Уште еден многу неуспешен викенд за тимот на Вилијамс, од кој се очекуваше многу повеќе.
Малезиско Гранд При
Сепанг, Куала Лумпур, Малезија;
56 круга; 310.408km;
Време: Сува патека.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч37:39,832
2. Џенсон Батон Мекларен + 3,261
3. Ник Хајдфелд Лотус-Рено + 25,075
4. Марк Вебер Ред Бул + 26,384
5. Фелипе Маса Ферари + 36,958
6. Фернандо Алонсо Ферари + 37,248*
7. Луис Хамилтон Мекларен + 49,957*
8. Камуи Кобајаши Заубер + 1:07.239
9. Михаел Шумахер Мерцедес ГП + 1:24.896
10. Пол ди Реста Форс Индија + 1:31.563
11. Адријан Сутил Форс Индија + 1:45.000
12. Нико Розберг Мерцедес ГП + 1 круг
13. Себастијан Буеми Торо Росо + 1 круг
14. Џејми Алгуерсуари Торо Росо + 1 круг
15. Хеики Ковалаинен Лотус + 1 круг
16. Тимо Глок Вирџин + 2 круга
17. Валериј Петров Лотус-Рено + 4 круга
*казна 20 секунди
НАЈБРЗ КРУГ: Марк Вебер - 1:40.571
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Витантони Лиуци ХРТ 47
Жером д`Амброзио Вирџин 43
Јарно Трули Лотус 32
Серџо Перез Заубер 24
Рубенс Баричело Вилијамс 23
Нараин Картикијан ХРТ 15
Пастор Малдонадо Вилијамс 9
ПО ДВЕ ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 50 1. РЕД БУЛ 72
2. БАТОН 26 2. МЕКЛАРЕН 48
3. ХАМИЛТОН 22 3. ФЕРАРИ 36
4. ВЕБЕР 22 4. ЛОТУС-РЕНО 30
5. АЛОНСО 20 5. ЗАУБЕР 6
6. МАСА 16 6. ТОРО РОСО 4
7. ХАЈДФЕЛД 15 7. ФОРС ИНДИЈА 4
8. ПЕТРОВ 15 8. МЕРЦЕДЕС ГП 2
9. КОБАЈАШИ 6
10. БУЕМИ 4
11. ШУМАХЕР 2
12. СУТИЛ 2
13. ДИ РЕСТА 2
Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо добија казни од 20-секунди по одлука на стјуардите на Малезиското Гран При во Сепанг. Возачот на Мекларен е казнет за нелегално бранење на својата позиција во борбата со Алонсо, а пак Шпанецот е казнет за контактот со Хамилтон за време на нивната борба. Казната му одзеде едно место на Хамилтон и сега е 8-ми. Тоа го искористи Кобајаши кој сега е на седмото место. Алонсо го задржа шестото место.