Извор од организациониот тим на Бахреин ГП тврди дека патеката е блиску да биде домаќин на последната трка од сезоната, на неодреден датум во декември. Изворот посочи дека оние што се одговорни за Бахреин ГП се во постојан контакт со ФИА која треба да ја донесе одлуката на 1 Мај. Официјална објава се очекува после оваа дата.
Гран при трката во Бахреин требаше да биде место каде ќе се отвори сезоната, но беше одложена по политичките немири во оваа држава, предизвикувајќи загриженост околу безбедноста. Ваквиот потег веројатно нема да биде популарен кај Ф1 тимовите, кои се надеваа дека Бразил ќе биде домаќин на завшетокот на сезоната. Тие ќе треба да патуваат од Абу Даби за Бразил, а потоа во Бахреин, а и близината на последната трка со Католичкиот Божиќ. Најкасен завшеток на сезоната Формула 1 имала на 27 ноември 1963 година, но во Декември никогаш до сега немало трка. Не може да се потврди во целост веродостојноста на изворот, но каде има чад, има и оган.
ЕКСКЛУЗИВНО: БАХРЕИН ГП ВО ДЕКЕМВРИ?!?
4/12/2011 02:07:00 AM
0
Tags
Share to other apps