Марк Вебер вели дека тој не е во паника за неговиот бавен старт на сезоната во споредба со неговиот Ред Бул тимски колега Себастијан Ветел.
Од тимот на Лотус-Рено велат дека работат на дополнително подобрување на стартот на болидите, и ќе излезат со некои нови идеи за Кинеското ГП. Во Сепанг имаа одличен старт, кога Ник Хајдфелд имаше прогрес од шест места и стигна до второто место по првата кривина. Единствен проблем би можело да биде пократкото растојание до првата кривина на патеката во Кина.
Серџо Перез откри дека тој имал среќа да излезе без повреди по неговата несреќа на Малезиското Гранд При, откако остатоци од друг болид навлегле во неговиот кокпит.
Фернандо Алонсо вели дека Светскиот Шампион и лидер во Шампионатот, Себастијан Ветел во моментов е недостижен со оглед на неговата сегашна форма.
Ред Бул се надева дека "значителниот напредок" во надградбата на своите болиди за Кина ќе помогне да се задржи предноста над своите ривали.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.