Исходот од Кинеското Гран при ќе утврди дали Ферари останува на планираниот тек на развој на болидите или се префрлаат на "план Б". Ова го објавуваат реномираните италијански весници "Ла стампа" и "Ла република". Најодговорните во тимот на Ферари, Стефано Доменикали, Алдо Коста и Пет Фрај се повторно во Маранело оваа недела, наместо да останат на далечниот Исток.
"Ние ќе анализираме сè, да дознаеме зошто работите не функционираат како што се очекуваше во оваа фаза на развој. Ако во Кина се работи како што се надеваме и како што се очекува, добро, но ако развојот на настаните носи поинаков резултат, веќе имаме спремна алтернативна програма која ќе биде претставена што е можно поскоро. Одиме во Шангај, каде што мора да одлучиме дали да продолжиме со овој Аеро пакетот или ќе ја менуваме насока на развој на болидите.", изјавил Доменикали.
ФЕРАРИ СЕ НАОЃА НА КРСТОПАТ ВО КИНА
4/13/2011 01:15:00 AM
0
Tags
Share to other apps