DRS ЗОНА ЗА ТУРЦИЈА
ФИА објави шема на патеката во Турција на која може да се види каде возачите ќе можат да го користат системот на подвижно задно крило (DRS). Тоа ќе се активира непосредно пред кривина 11 (се деактивира со притискање на кочниците за кривината 12), а мерењето на времето до предниот болид ќе стартува малку пред кривина 9.
ФЕРАРИ СО НОВО ПРЕДНО И ЗАДНО КРИЛО, НО НЕ ОЧЕКУВААТ УСПЕШНА ТРКА ЗА НИВ!?!?!
По поминати два викенда без Ф1 трка, следуваат 3 трки во следните 4 недели. Инженерите и дизајнерите во сите дванаесет екипи ја искористија оваа пауза за анализа на постигнатите резултати и воведување на надградби за решавање на индивидуалните слабости. За тимот на Ферари, голем дел од тие акции веќе започнаа со помал или поголем обем, по австралиската трка. Според тимскиот шеф Стефано Доменикали, причините за неуспехот на 150 º Италија се две.
"Нашиот пристап не беше доволно агресивен во фазата на дизајнирање и имавме проблем со корелацијата меѓу податоците добиени од воздушниот тунел и она што се случуваше на патеката, така што тоа ни нанесе штета во овие први неколку трки. И двата проблеми се идентифицирани, но никој во Ферари не очекува чудесен лек за нив во Истанбул."
Николас Томбазис, главниот дизајнер на Ферари, ги појасни целите на Ферари за Турција: "Пакетот на надградби што ќе го имаме за овој викенд беше изготвен пред Кинеското ГП, затоа не бевме во можност да направиме значителни промени во изминативе недели. Дефинитивно, ќе имаме нови крила, и предни и задни, и нови канали за ладење на кочниците. Не можам да кажам дали овој чекор ќе биде доволен, но јас не очекувам да видиме подобрување на перформансите во следните неколку трки."
РЕД БУЛ ГО РЕШИ КЕРСОТ!?!
д-р Хелмут Марко, консултантот на Ред Бул Ф1 тимот потврди дека Австрискиот тим, го утврди проблемот со КЕРС системот и во пресрет на Турското ГП успеа да ја разреши болната точка на овој тим.
2010 ТУРЦИЈА ГП: КРАТКИ ВЕСТИ
5/05/2011 12:36:00 AM
0
Tags
Share to other apps