ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Што може да се каже за овој прв слободен тренинг?!? Едноставно ништо, многу дожд во Истанбул, времињата и позициите не се за некоја споредба и точна анализа на силите. Некои возачи одеа на сигурно, додека некои превземаа одреден ризик, како во случајот на Себастијан Ветел, кој успеа значително да го оштети својот болид во познатата за него кривина 8 (лани тука се судри со Вебер). Во последниот сектор од оваа кривина задниот дел на неговиот болид се занесе малку, што беше доволно да го истурка на вештачката трева покрај патеката, по што се изврте на патеката и удри во бариерите на спротивната страна. Десната страна на болидот беше уништена, заедно со предното крило, а сесијата беше стопиранаоколу десетина минути. Ветел излезе неповреден од оваа негова авантура, но болидот претрпе значајни оштетувања, па механичарите ќе имаат многу работа да го спремат за попладневниот тренинг.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:38.670 13
2. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:40.072 + 1.402 14
3. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:40.132 + 1.462 18
4. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:40.338 + 1.668 9
5. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:40.401 + 1.731 10
6. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:40.421 + 1.751 16
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:40.697 + 2.027 14
8. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:41.094 + 2.424 18
9. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:41.178 + 2.508 22
10. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:41.347 + 2.677 16
11. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:42.564 + 3.894 5
12. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:42.597 + 3.927 7
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:43.525 + 4.855 11
14. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:43.913 + 5.243 5
15. КАРУН ЧАНДХОК ЛОТУС 1:43.986 + 5.316 6
16. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 1:44.787 + 6.117 20
17. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:44.954 + 6.284 4
18. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:45.183 + 6.513 15
19. ЖЕРОМ д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:45.237 + 6.567 11
20. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:48.461 + 9.791 8
21. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:51.676 + 13.006 6
22. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:55.791 + 17.121 13
23. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 2:00.666 + 21.996 4
24. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН без време 1
Џенсон Батон го постави најбрзото време на сувиот втор слободен тренинг за Турското ГП, беше за малку побрз од Нико Розберг на второто место. Моторите на Мерцедес доминираа на овој втор тренинг во Истанбул парк. Луис Хамилтон беше 3-ти, а Михаел Шумахер 4-ти најбрз. Лидерот во првенството Себастијан Ветел не излезе на патеката по утринската несреќа, а Марк Вебер беше петти за Ред Бул.
Фелипе Маса се пласира на доброто шесто место, но со 0.8с побавно време од Батон. Тимскиот колега, Фернандо Алонсо, имаше проблеми со хидрауликата во почетокот на тренингот. Откако со нејзе се беше во ред излезе на патеката, но наскоро почнаа проблеми со неговиот КЕРС-систем, па тој беше само11-ти најбрз возач во СТ2.
Добар пласман и за Виталиј Петров, кој беше седми, а последните три места во Топ 10 ги пополнија, Пол ди Реста, Адријан Сутил и Серџо Перез. Во средината се борат тимовите на Торо Росо, Вилијамс, Заубер. Последните места се резервирани за Лотус, Вирџин, ХРТ.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:26.456 26
2. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:26.521 + 0.065 29
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:27.033 + 0.577 31
4. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:27.063 + 0.607 21
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:27.149 + 0.693 31
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:27.340 + 0.884 37
7. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:27.517 + 1.061 37
8. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:27.725 + 1.269 37
9. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:27.844 + 1.388 32
10. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:28.052 + 1.596 37
11. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:28.069 + 1.613 27
12. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:28.153 + 1.697 36
13. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:28.475 + 2.019 35
14. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:28.765 + 2.309 32
15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:28.828 + 2.372 19
16. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:28.946 + 2.490 20
17. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:29.409 + 2.953 39
18. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:29.637 + 3.181 27
19. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:30.281 + 3.825 37
20. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:31.035 + 4.579 28
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:31.221 + 4.765 22
22. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:31.320 + 4.864 29
23. АНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 1:31.989 + 5.533 30