2011 ШПАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
5/20/2011 11:28:00 PM
0
13 од последните 14 победници во Шпанија стартувале од Пол Позицијата.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел стартуваше од првиот ред во Шпанија во последните две години и го забележа својот прв подиум во трката во 2010 година. Светскиот шампион се уште нема победа на Шпанското ГП. Ветел не се квалификувал пониско од втората стартна позиција во последните девет настапи во Барселона. Може ли оваа година да очекуваме хет-трик од него?
• Марк Вебер минатата година имаше речиси совршена трка, стартуваше од Пол Позицијата, водеше во текот на целата трка, забележувајќи уште една Победа за својот тим. Му недостигаше само поставување на Најбрзиот круг на трката. Во 2009 година тој заврши на третото место, зад болидите на Браун, но повторно пред Ветел.
• Луис Хамилтон никогаш не победил во Барселона во која било мото категорија што возел во својата кариера, а најблиску до неа беше минатата година, кога во последен круг поради проблем со тркалотозаврши во ѕидот покрај патеката. Има два пласмани на подиумот за Мекларен во 2007 и 2008.
• Џенсон Батон победи во Шпанија во 2009 година, кога и ја озвпои титулата Светски Шампион, но пред тоа имаше забележано само седум поени од осум започнати трки во Барселона. Минатата година беше петти, а поголем дел од трката помина заглавен зад Михаел Шумахер.
• Фернандо Алонсо победи на својата домашна трка во 2006 година и речиси секогаш бил значаен фактор во скоро секој еден од неговите настапи во Барселона. Тој се квалификува во топ 10 во последните осум години, забележува поени на секоја трка, освен во 2001 (со Минарди) и 2008 (кога откажа неговиот мотор по стартот од првиот ред), и завршил со пласман на подиумот пет пати. Неговите настапи во квалификациите се исто така исклучителни, единствен пораз од својот тимски колега забележа во 2004 т.е. Јарно Трули.
• Фелипе Маса забележа хет-трик во Шпанија во 2007, стартуваше од Пол Позицијата, имаше дуел со Алонсо, кој заврши во песокот покрај патеката, го постави најбрзиот круг, и забележа нова Победа. Маса редовно освојува поени во последните пет шпански ГП-ја.
• Михаел Шумахер како по обичај е најуспешниот возач и на Шпанското ГП со 6 Победи, 7 Пол Позиции и 12 пласмани на подиумот. Тој го освои четвртото место минатата година, негов најдобар резултат минатата сезоната. Како и Алонсо, тој има речиси совршена репутација во квалификациите против неговите тимски колеги, има скор 16-1, еден пораз од Еди Ирвајн во 1999 година.
• Нико Розберг не поминува добро во Барселона, има освоено само четири поени во пет настапи на Шпанското ГП и никогаш не се квалификувал повисоко од осмата стартна позиција, освоена минатата година.
• Ник Хајдфелд има само седум поени од 10 започнати трки во Барселона, а негов најдобар резултат е четвртото место во 2002 година. Не се покажува ни во Квалификациите, само пет пати се пласирал во топ 10.
• Виталиј Петров во својот прв настап на Шпанското ГП не се прослави, не успеа да влезе во топ 10 ни во квалификациите ни во трката минатата година.
• Рубенс Баричело има четири пласмани на подиумот во Барселона, најдобар пласман му се вторите места во 2002 и 2009 за Ферари и Браун ГП, соодветно. Неговиот скор со тимските колеги во квалификациите е 9-9.
• Адријан Сутил има само еден пласман во поени во Шпанија, и тоа со седмото место минатата година. Тој никогаш не се квалификувал во топ 10.
• Камуи Кобајаши заврши 12-ти минатата година, и покрај тоа што ја започна трката во топ 10.
• Себастијан Буеми е жртва на "проклетството на Торо Росо"(види тимови) во Барселона, имаше судир во 2009 година и хидрауличен проблем минатата година.
• Џејми Алгуерсуари минатата година освои еден поен на својата домашна патека.
• Хеики Ковалаинен беше седми во Шпанија во 2007 година, но од тогаш нема завршено трка. Тој има извозено само седум круга во текот на изминатите две трки.
• Јарно Трули двапати беше трет во Шпанија, во 2004 и 2005. Од тогаш, тој има освоено само еден поен со осмото место во 2008.
• Витантонио Лиуци никогаш не ја поминал целната линија на Шпанското ГП во Барселона. Во два наврати тој е запишан во резултатите, во 2006 и 2010, но тој не ја заврши трката.
• Тимо Глок никогаш не освоил поени во Барселона, дури и кога стартуваше од шестата позиција во 2009 година.
• Пастор Малдонадо, Пол ди Реста, Серџо Перез, Џером Д`Амброзио се дебитанти.
ТИМОВИ
• Ферари е најуспешниот тим на Шпанското ГП откако тоа се одржува на патеката во Барселона, и има 7 Победи, вклучувајќи и четири по ред од 2001-'04. Минатата година со Алонсо завршија на второто место, по проблемите на Ветел и Хамилтон.
• Ред Бул е сигурен победник на ова Шпанско ГП, ако може да им веруваме на статистичките податоци. Тимот доминираше во Турција пред две недели, а исто така, беше тимот што треба да се победи во Барселона и минатата година, кога Вебер ја освои Пол Позицијата со предност од 0.8 сек. и доминираше во трката.
• Мекларен нема победа на Шпанското ГП уште од 2005 година, кога Кими Раиконен забележа Победа, стартувајќи од Пол Позицијата. Немаат пласман на подиумот или пласман на првиот стартен ред од 2008 година.
• Мерцедес ГП се смета дека е Победник на трката во 2009, но тогаш познати како Браун ГП. Минатата година имаа најдобар пласман на четвртото место на Михаел Шумахер.
• Рено победи во Шпанија во 2006 година со Алонсо, но од тогаш нема пласман на подиумот.
• Вилијамс последната своја победа е во далечната 1997 година и последен пласман на подиумот го имаат во 2002 година, но имаат барем еден болид во топ 10 на секоја трка на Шпанското ГП од 1981 година.
• Форс Индија освои поени само во 2010 година.
• Заубер има барем еден болид во топ 10 во квалификациите во последните пет трки.
• Торо Росо дури минатата година успеа да заврши трка во Шпанија, со 10-тото место на Алгуерсуари, за што освои еден бод.
• Лотус има Победено на шест трки во Шпанија, но никогаш на оваа патека во Барселона. Последен пат победиле пред 25 години кога во драматична трка Аиртон Сена го победи Најџел Менсел за само 0.014 сек.
• Вирџин минатата година со двата болиди го заврши Шпанското ГП и тоа беше прв пат двата болиди на тимот да финишираат на иста трка.
Tags
Share to other apps