Марк Вебер со Прва Пол Позиција оваа сезона, патекава како да е направена за него.
Накратко да не филозофираме, како и секогаш досега се повторува ИСТАТА ПРИКАЗНА и на Шпанското ГП. Во Квалификацииве сега за сега никој не може да ги победи болидите на Ред Бул, единствена промена е што Вебер е на првата стартна позиција, следен од Ветел. Но, и ова не би требало да е големо изненадување, бидејќи од статистиката се знаеше дека ова е патека на Австралиецот. Забележителен настап на Фернандо Алонсо, после четири последователни 5-ти стартни позиции сега победи еден Мекларен и ќе стартува како 4-ти на утрешната трка. Конечно и Шуми пак во топ 10. Се на се квалификацииве годинава некако стануваат досадни, нема жар во борбата за Пол Позицијата, се се знае однапред, само треба да дознаеме дали Ветел и Вебер ќе ја освојат. П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:20.981
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:21.181 + 0.200
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:21.961 + 0.980
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:21.964 + 0.983
5. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:21.996 + 1.015
6. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:22.471 + 1.490
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:22.599 + 1.618
8. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:22.888 + 1.907
9. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:22.952 + 1.971
10. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП
Q2 НАЈБРЗО ВРЕМЕ: 1:23.506 РАЗЛИКА
11. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:23.231 + 1.691
12. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:23.367 + 1.827
13. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:23.694 + 2.154
14. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:23.702 + 2.162
15. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:25.403 + 3.863
16. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:26.126 + 4.586
17. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:26.571 + 5.031
НАЈБРЗО ВРЕМЕ: 1:25.874 РАЗЛИКА
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:26.521 + 3.561
19. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:26.910 + 3.950
20. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:27.315 + 4.355
21. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:27.809 + 4.849
22. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:27.908 + 4.948
23. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:28.556 + 5.596
24. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО без време
107% ВРЕМЕ: 1:28.767