Релативно нова патека, но дали нема повеќе да ја гледаме во Ф1 календарот?!?
Истанбул парк е уште една од модерните Ф1 патеки кои се дизајнирани од Херман Тилке. Сите зборуваат за кривината број 8, која остава белег на оваа патека. Тоа е најбрзата кривина во календарот на Ф1 и сите ја сакаат, возачите и публиката. Тилке има направено добра употреба на нерамнините на теренот, со висинска разлика од речиси 46 метри. Патеката се состои од средни и брзи кривини кои се добри места за претекнување, а најголемите шанси за успешно претекнување има на кривините со број 1, 9 и најдобрата можност е зоната на сопирање при влез во кривината 12.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел стартува од првиот ред во последните осум трки. Овој рекорд го држи Дејмон Хил, кој успеал да стартува 17 последователни трки од првиот стартен ред. Германецот се враќа на местото каде за прв пат возеше на официјален Ф1 викенд во 2006 година, како тест возач на БМВ Заубер, и се појави на петочните слободни тренинзи. Минатата година овде почнаа неговите несогласувања со тимскиот колега, двајцата имаа судир, кој можеше да го остави без светската титула. Во 2009 година стартуваше од Пол Позицијата, но го загуби водечкото место во првиот круг и ја заврши трката на третото место.
• Марк Вебер минатата година започна од Пол Позицијата во Турција и беше на првото место до судирот со Ветел, кога го оштети својот болид и им подари 1-2 Победа на Мекларените. Тој, исто така, оствари подобар резултат од неговиот Германски колега во 2009 година, кога заврши на второто место, и покрај тоа што трката ја стартубваше со три стартни места пониско отколку Ветел. Не се пласирал во Топ 10 на квалификациите само во 2007 година. Австралиецот цели да го постави најбрзиот круг во трка трет пат по ред. Последен возач со ова постигнување е Кими Раиконен, кој го направи тоа во Белгија, Италија и Сингапур во 2008.
• Луис Хамилтон имаше проблематични трки во 2007 и 2008. Минатогодишната трка ја заврши како Победник, како подарок од тимот на Ред Бул. Има добар настап на Квалификациите во Турција, стартувал од првиот ред во 2007 и 2010 и трет во 2008.
• Џенсон Батон победи во Турција во 2009 година. како возач на Браун ГП, а минатата година заврши на второто место зад својот тимски колега Хамилтон. Има неконзистентен настап на Квалификациите, не успеал да се пласира во Топ 10 на три од последните 6 настапи во Турција. Само во 2009 година стартуваше од првиот ред.
• Фернандо Алонсо забележа три подиуми во неговите први три настапи на Турското ГП од 2006-2008 година. Но беше 10-ти во 2009 и осми минатата година, а тоа се неговите два најлоши резултати на оваа патека.
• Фелипе Маса беше крал на Турција од 2006-2008 година. Тој овде ги забележа своите Први Пол Позиција и Победа во Формула 1. При секоја од трите Победи стартуваше од Пол Позицијата. Од тогаш освојува поени, но нема пласман на подиумот.
• Михаел Шумахер беше на третото место во 2006 година, во трка, каде што неговиот тогашен ривал за титулата, Алонсо, забележа значајни поени, благодарение на безбедносното возило. Минатата година Шумахер го имаше својот најдобар пласман во Турција со четвртото место, а подоцна тој резултат го повтори и во Шпанија и Кореја.
• Нико Розберг не ја заврши трката при својот прв настап во Турција во 2006 година, но од тогаш секогаш завршува во бодови. Неговиот најдобар резултат е петтото место во 2009 за Вилијамс, и минатата година за Мерцедес ГП.
• Ник Хајдфелд својот најдобар пласман во Турција го има со четвртото место во 2007 година за БМВ Заубер.
• Виталиј Петров минатата година во Турција го имаше својот прв пласман во Топ 10 на квалификациите, во неговата седма гран-при трка. Во трката, тој ќе го освоеше најверојатно осмото место, но му беше дупната една гума од страна на Алонсо и падна на 15-то место. Непланираниот пит-стоп му дозволи да го забележи првиот, и досега еинствениот, најбрз круг во неговата Ф1 кариера.
•Рубенс Баричело има освоено само еден финиш во поени во Турција, и тоа во 2006 година за Хонда.
• Пастор Малдонадо, Жером д`Амброзио, Серџо Перез се дебитанти во Турција.
• Адријан Сутил забележа поени во Турција само еднаш и тоа со деветтото место минатата година.
• Себастијан Буеми никогаш не бил во близина на освојување поени во Турција и заврши 15-ти и 16-ти со својот "торо росо" во изминатите две години.
• Хеики Ковалаинен освои поени во Турција само еднаш, беше 6-ти, и тоа беше во неговата дебитантска Ф1 сезона со Рено во 2007 година. Стартуваше од првиот стартен ред следната година со Мекларен, но заврши само 12-ти, кога при контактот со Ферарито на Раиконен заврши со дупната гума. Од тогаш нема пласман во Топ 10 на квалификациите.
• Јарно Трули најдобриот резултат во Турција го има со четвртото место за Тојота во 2009 година.
• Витантонио Лиуци никогаш не успеал да се пласира во топ 10 ни во Квалификации, ни Трки во Истанбул.
• Тимо Глок има забележано само еден поен во Истанбул во 2009 година за Тојота.
ТИМОВИ:
• Ред Бул никогаш не победил на Турското ГП, и покрај тоа што Ветел стартува од Пол-позицијата на последните две трки во Истанбул.
• Мекларен има две Победи тука во Турција и тоа во 2005 со Раиконен и минатата година со Хамилтон. Последната пол-позиција ја имаат со Раиконен во 2005.
• Ферари е најуспешниот тим во Турција благодарение на Фелипе Маса, три Победи од 2006-2008 година и три Пол Позиции. Од тогаш, Италијанскиот тим нема ниту еден пласман на подиум, ниту старт од прв ред.
• Рено никогаш не победил на Турското ГП, но успеа да забележи пласман на подиумот со Алонсо во 2005 и 2006. Од тогаш немаат подобар пласман од шестото место.
• Вилијамс секогаш освојувал поени во Турција освен минатата година.
• Форс Индија има само еден пласман на поени во Турција, Сутил беше 9-ти во 2010 година.
• Заубер барем со еден болид завршува во поени во последните четири трки во Истанбул.