Дали Ред Бул ја губи предноста?!?
По загрижувачката форма на Ред Бул и можноста да ги освојат двете Титули веќе на средината од сезоната, Меѓународната Автомобилистичка Асоцијација испрати писмо до сите тимови, во кое се вели дека кога педалата за гас не е притисната, дотокот на издувните гасови не може да биде повеќе од 10% од максимумот. Ова е како последица на сознанијата дека некои тимови успеваат да ја одржуваат гаста на 100% и при сопирање на болидот. Така протокот на издувни гасови кој се насочува до дифузорот е константен, и тоа ја подобрува неговата работа. Ова појава при крајот на минатата година ја откриле инженерите на Мекларен и повеќето тимови напорно работеле на моторот околу оваа проблематика за да ја подобрат работата на дифозорот.
Во документот на ФИА, исто така се вели дека гаста може да се користи само за забрзување на болидот, но не и за промена на аеродинамички карактеристики на истиот. Ако некој тим ја наруши оваа нова директива, тоа ќе значи дека го крши правило 3.15 за подвижните аеродинамички елементи, кои се забранети, освен за подвижното задно крило.
Останува да почекаме на почетокот на Шпанското ГП за да видиме кои тимови ќе бидат најзасегнати од оваа промена на правилата, но најверојатно сите водечки тимови ќе изгубат. Промената влегува во сила уште за трката во Шпанија. Можеби најзасегнат од оваа промена ќе биде тимот на Ред Бул, па Кристијан Хорнер веднаш излезе со изјава за медиумите:
"Оваа одлука ќе влијае на сите Ф1 тимови, бидејќи истото го користевме и минатата сезона, тоа не е нова работа која е промовирана оваа година. Во Барселона ќе видиме какви ефекти имал овој систем. Дали е жалба на некој од конкурентите? Тоа е неминовна реакција по успехот што го постигнуваме"
UPDATE:
Од ФИА се предомислија, нема да има промени во употребата на издувните гасови на болидот во аеродинамички цели за трката во Шпанија. Одлучиле ограничувањата кои биле испратени на тимовите по трката во Турција да не важат за трката во Шпанија.
Главната причина за укинување на ограничувањата во Шпанија е малото време што го имаат тимовите за да ги направат потребните промени. Некои од тимовите се пожалија на "непредвидени и неочекувани последици", како последица на забраната. ФИА ќе ги воведе ограничувањата веднаш откако ќе се увери дека оваа промена нема да создаде дополнителни тешкотии за тимовите.