КРАТКИ ВЕСТИ ОД СВЕТОТ НА ФОРМУЛА 1
5/17/2011 12:08:00 PM
0
БЕРНИ НЕ Е ПРОТИВ Ф1 ТРКА ВО АВСТРИЈА
Берни Еклстоун смета дека вратата за враќање на Австриското ГП во Ф1 календарот е отворена. Тој беше гостин на официјалното отворање на реновираната патека А1 ринг, која од претходниот викенд го носи името Ред Бул ринг. Иако Ред Бул и шефот на овој тим, Дитрих Матешиц, изјавија дека реновирањето на патеката не е со цел да се донесе Ф1 тука во моментов, Берни Еклстоун на прашање дали е можно на оваа патека да гледаме Ф1 трка одговорил со "зошто да не."
КРИСТИЈАН ХОРНЕР: "ГО САКАМЕ МАРК ВЕБЕР И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ВО ТИМОТ НА РЕД БУЛ"
Марк Вебер има договор со тимот на Ред Бул година-за-година, а неодамна тој изјави дека неговата иднина во тимот зависи од тоа како тој ќе се чувствува кога ќе почнат преговорите околу продолжувањето на договорот, но тимскиот шеф Кристијан Хорнер изјави дека го сакаат Австралиецот и во следната година:
"Во оваа фаза премногу e рано да се зборува за иднината и тоа ќе биде приватна дискусијата што ќе ја имаме со Марк, а не нешто што треба да се води преку медиумите. Кога времето ќе дојде за тоа ќе седнеме и ќе се договориме. Јас се надевам дека Марк ќе продолжи со нас и следната сезона. Освен тоа што голем човек, неговиот придонес е значителен. Тој е столб на тимот од самиот почеток. Себ е многу перцептивен во некои области, додека Марк е многу перцептивен во други области. Ние ги слушаме и двајцата и тоа многу помага за развојот на нашиот болид."
"Досега разликата помеѓу Себастијан и Марк е поголема од минатата година, но не поради тоа што Марк вози побавно, туку затоа што тој малку подолго се прилагодува на гумите на Пирели и како што забележувате разликата се намалува".
ПИРЕЛИ СО НОВИ ГУМИ ВО ШПАНИЈА
Од Пирели потврдија дека за Шпанското ГП во Барселона ќе донесат нови гуми со потврда компонента, по успешно поминатите тестови за време на Турското ГП. Мешавината испробана во текот на слободните тренинзи во Истанбул, се покажала како потрајна и така ќе се зголеми разликата меѓу гумите со мека и тврда компонента, што ќе резултира со поширок спектар на стратегии на тимовите за време на трките.
МАРК СМИТ Е НОВИОТ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ЛОТУС
Тимот на Лотус објави дека има нов технички директор, а неговото име е Марк Смит. Смит ја напушти Форс Индија на крајот од минатата година. Тој ќе биде на директна подреденост на Mike Gascoyne. Марк Смит работеше за Џордан, Рено, Ред Бул и Форс Индија.
ВИЛИЈАМС СО НОВО ЗАДНО КРИЛО ВО ШПАНИЈА
Од тимот на Вилијамс стигнуваат вести дека нивните болиди ќе имаат ново задно крило на своите болиди за Шпанија ГП. Барселона е патека која бара добра Аеро ефикасност на болидот, и тој фактор може да се покаже како пресуден во борбата за што подобар пласман на оваа патека. За време на Турското ГП новите задни крила тимот на Вилијамс ги тестираше на тренинзите, а за оваа трка ќе бидат спремни и за трката. Во прилог на тоа оди и нивниот нов издувен систем. "
Tags
Share to other apps