ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел има настапено на две трки во Канада, но никогаш не се искачил на подиумот. Ветел ја брка шестата победа во првите седум трки од овогодинешниот шампионат, подвиг кој го имаат забележано само Џим Кларк во 1965 година, Михаел Шумахер во 1994 и 2004 година, а Џенсон Батон во 2009 година.
• Марк Вебер исто така, никогаш нема забележано пласман на подиумот во Канада, тој има освоено само три поени од осум настапи, а само четири пати, тој успеал да се стартува од најдобрите 10. Минатата година ќе го имаше својот најдобар резултат во квалификациите, кога тој беше втор, но беше деградиран на седмата позиција поради промена на менувачот.
• Луис Хамилтон има посебни чувства за патеката во Монтреал, тука ја забележа својата прва победа во Формула 1. Има забележано три пласмани на Пол Позицијата од три настапи и има 2 Победи, во 2007 и 2010 година. Минатата година е последната Пол Позиција на Луис и Мекларен.
• Џенсон Батон се искачувал двапати на подиумот во Канада, и тоа минатата година, 2-ро место, и во далечната 2004 година со болидот на БАР-Хонда беше на третото место. Тоа се неговите единствени поени тука. Тој беше на Пол Позицијата во 2005 година, но ја заврши својата трка во злогласниот ѕид на шампионите. Тој има пет откажувања тука, четири пати поради механички дефекти.
• Фернандо Алонсо успева да се квалификува во првите 5, секоја трка од 2003 година. Ја освои пол Позицијата во 2006 година, кога ја забележа и единствената Победа на оваа патека. Беше трет минатата година, а два пати трките ги завршува на славниот ѕид на шампионитеи тоа во 2005 и 2008 година.
• Фелипе Маса никогаш не успеал да се квалификува на првиот стартен ред, а исто така нема ни пласман на подиумот за Канадското ГП. Неговите проблеми се чини дека потекнуваат од квалификациите, бидејќи тој секогаш е победуван од страна на неговите тимски колеги. Неговиот најдобар резултат во Монтреал е четвртата позиција 2005 година со болидот на Заубер.
• Михаел Шумахер е рекордер во Монтреал со 6 Пол Позиции и 7 Победи. Полесно е да се наброи кога тој не се искачувал на подиумот: 1995, 1996, 1999 и минатата година, кога за прв пат не се квалифицира во најдобрите 10. Неговиот резултат во квалификациите тука е 15-1, победен беше минатата година од Розберг.
• Нико Розберг е доста брз во квалификациите тука, тој секогаш се квалификува во најдобрите 10 и секогаш го победувал неговиот тимски колега. Има слаби резултати во трките, освоил поени само минатата година со шестото место.
• Ник Хајдфелд беше на второто место во неговите две последни трки тука, 2007г. и 2008г. но неговите претходни седум трки тој освоил само три поени, и има само еден пласман во топ 10 на стартната листа.
• Виталиј Петров минатата година имаше прв настап на Канадското ГП и не се прослави имаше пребрз старт, заврши на тревата, го скрши предното крило и доби две казни возење низ боксовите.
• Рубенс Баричело има забележано пет подиуми, последен пат во 2005 година
• Адриан Сутил минатата година за прв пат ја заврши трката, беше на деветата стартна позиција и го освои десетото место во трката.
• Камуи Кобајаши лани прв пат имаше настап во Монтреал, но стартуваше последен, во првиот круг се изврте, а набрзо и се откажа од трката. Годинава очекуваме неговиот прв финиш, можеби и во поени.
• Себастијан Буеми минатата година беше осми, а стартуваше од 15 позиција, трка која ќе остане во сеќавање во неговата кариера, бидејќи дури беше и во водство еден круг, кога водечките влегуваа во бокс.
• Хеики Ковалаинен започна од последната стартна позиција поради промена на моторот во 2007 година, но трката ја заврши на 4-тото место. Неговите настапи потоа одат во погрешна насока, тој беше 9-ти во 2008 година и 16-ти минатата година.
• Јарно Трули не завршил девет трки, од вкупно 13 стартувани во Канада, три пати во првиот круг. Со овој сооднос не е за изненадување што тој бил во можност да забележи само осум поени, иако тој се квалификуваше во првите 10 девет години по ред.
• Витантонио Лиуци минатата година имаше одлична можност да го забележи својот најдобар резултат во кариерата стартувајќи од 5-тото стартно место, но тој беше удрен од Маса во првата кривина по стартот, по боксот падна на последното место и на крајот успеа да заврши на 9-тото место, со кое ги има забележано единствените поени на оваа трка.
• Тимо Глок има забележано поени овде во 2004 и 2008 година, со болидите на Џордан и Тојота, но минатата година не ја заврши трката. Тој никогаш не се квалификувал во топ 10.
ТИМОВИ
• Ферари е најуспешниот тим во Канада, заедно со Мекларен по 11 Победи. Но последен пат триумфираа пред шест години, забележувајќи 1-2 Победа со Михаел Шумахер и Рубенс Баричело. Својата последна Пол Позиција ја имаа дури пред десет години.
• Мекларен за разлика од Италијанците, својата последна Пол Позиција и двојна Победа ја забележаа минатата година. Со Луис Хамилтон, во последните три трки стартуваат од Пол Позицијата и имаат Победено на три од последните пет Канадски ГП. Може да се каже дека тие се најуспешниот тим во последните 5 сезони на оваа патека.
• Ред Бул на оваа патека има забележано само еден подиум во 2008 година со Дејвид Култхард на 3-тото место. Тимот никогаш не стартувал од Пол Позицијата, дали сега е време за првата?!? Минатата година завршија на 4-тот и 5-тото место.
• Рено има една Победа и Пол Позиција тука и тоа во 2006 година, од тогаш немаат позначајни резултати.
• Вилијамс победи на оваа патека пред десет години и ги има забележано своите последни поени во Канада во 2007 година, со пласманот на подиумот на Александар Вурц (3-то место).
• Форс Индија минатата година заврши во поени со двата болида.
• Заубер во Канада ја има забележано својата прва и единствена победа во Формула 1 во 2008 година и тоа 1-2 Победа со Роберт Кубица и Ник Хајдфелд.
• Торо Росо најдобриот резултат тука го имаат со осмото место во 2008 и во 2010 година.
2011 КАНАДА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
6/10/2011 09:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps

