Џенсон Батон победи на хаотичната трка во Канада, која заврши по четири часа од нејзиниот старт, а во која имаше црвено знаме и пет периоди со безбедносното возило. Британецот, сепак, е под истрага за судирот со Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо. Но, најверојатно нема да има никакви казни за него, освен можеби некој Укор.
Браво за Батон, кој го помина Себастијан Ветел во последниот круг од трката. Ветел под притисокот на Батон, но и потрошените задни гуми, водеше 69 круга, но првата позиција ја поклони во 70-от круг.
Трката започна под безбедносно возило поради вировите вода собрани на патеката, па не беше безбедно да се дозволи борба помеѓу возачите, но кога веќе нема услови за борба, зошто не би се почекало малку со започнувањето на истата.
Стартот е еден од најинтересните делови на една трка. Се започна со летечки старт во 5-от круг, Алонсо веднаш се залепи до Ветел, но Германецот добро се одбрани, и стави до знаење дека нема лесно да биде поминат, а малку потоа започна да прави и добра разлика.
Главна атракција денес беше Хамилтон, со неговото камиказа возење, продолжение од минатата трка во Монако. Денес прв што настрада од таквото возење беше Марк Вебер . По контактот меѓу нив двајцата, Хамилтон изгуби неколку позиции, но Австралијанецот падна на 14-тата позиција. Што се случува со Хамилтон, одкаде е целата таа нервоза собрана во него?!? Зарем се замисли дека е толкава звезда и дека сите треба да се тргаат од него.
И беше "звезда" на почетокот на оваа трка, откако ја уништи трката на Вебер, нападна кон Шумахер, настојуваше да го помине со сите сили, во еден момент се обиде да го направи истото како во Монако, да го натера Шумахер да му даде слободен пат, но овој пат Шуми не отстапи па малиот излета надвор од патеката, и ја загуби својата позиција од тимскиот колега Батон.
По сугестиите од тимот мораше да се повлече од трката, што подоцна се покажало како погрешна одлука, бидејќи од тимот утврдиле дека нема оштетување на задната амортизација.
Следува безбедносното возило, а Батон влегува во бокс за проверка на болидот. Се врати на 12-то место. Стјуардите објавија дека судирот помеѓу Мекларените е под истрага, а исто така и дека Батон и Хамилтон се под истрага за пребрзо возење под безбедносното возило.
Откако беше расчистен болидот на Хамилтон, трката продолжи. При рестартот Ветел веднаш да прави разлика од Алонсо, кој е блиску следен од Маса. Розберг се брани со сите сили од Шумахер и Кобајаши. Батон добива казна, поминување низ боксовите за пребрзо возење под безбедносното возило, и се одлучува веднаш да ја изврши.
Следува мирен период на трката, а први во бокс по Интермедиа гуми Алонсо и Розберг. Погрешна одлука повторно од тимот на Ферари, со најава за дожд ризикуваа со интермедиа гумите, што подоцна се покажа како многу лош потег.
Дождот засили до таа мера што мораше повторно да менува гуми за влажно време, а за негова несреќа Маса беше пред него и тој мораше да почека, со што дополнително си ја упропасти трката. Условите стануваа невозможни за трка, па повторно безбедносното возило на сцена, но и тоа не беше доволно па имавме црвено знаме, стопирање на трката.
Трката продолжи по речиси 2 часа прекин, а редоследот беше: Ветел, Кобајаши, Маса, Хајдфелд, Петров, Ди Реста, Вебер, Алонсо, Де Ла Роса, Батон. Трката продолжи со старт под безбедносно возило. Борбата започна по неколку круга, а редоследот не претрпе позначајни промени. На изненадување на сите Кобајаши успешно се бранеше од Маса.
Малку требаше повторно за безбедносното возило, Батон леташе низ патеката и дојде до контакт помеѓу него и Алонсо, а Шпанецот остана извртен на рабниците во третиот свиок. Предните тркала на Ферарито беа во воздух и не можеше да се врати во акција. Крај на трката за Алонсо, а повторно бокс за Батон, поради дупната предна гума. Болидот на Алонсо беше отстранет, а трката имаше уште еден рестарт.
Ветел како и секогаш остана на првата позиција. Следуваа Кобајаши, па Маса. Батон е последен, но тој е најбрз на патеката и добива место по место. Следува борба помеѓу Шумахер, Вебер, Батон(2-3-4). Вебер има проблеми со поминувањето на Шуми, нестабилен е на патеката, тоа го искористува Батон и доаѓа на второто место.
Остана само водечкиот Ветел, кој остана помалку заборавен на првото место. Батон е многу побрз од него и успева брзо да го стигне, но не му одеше од рака да го помине. Но, да биде возбудливо се погрижи Ветел, не издржа и направи грешка, со што му ја поклони Победата на Батон. Исто така имавме фото финиш помеѓу Кобајаши и Маса за 6-тото место.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАНАДА Патека Жил Вилнев, Монтреал Време: Дожд, па суво. ПЛАСМАН: П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ 1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1ч23:50.995 2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ +2.709 3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ +13.828 4. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП +14.219 5. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО +20.395 6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ +33.225 7. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР +33.270 8. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО +35.964 9. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС +45.100 10. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО +47.000 11. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП +50.400 12. ПЕДРО ДЕ ЛА РОСА ЗАУБЕР + 1:03.600 13. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ + 1 круг 14. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ + 1 круг 15. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 1 круг 16. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 1 круг 17. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 1 круг 18. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 3 круга НАЈБРЗ КРУГ: ЏЕНСОН БАТОН, 1:16.956 БЕЗ ПЛАСМАН: ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 62 НИК ХАЈДФЕЛД РЕНО 57 АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 50 ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 44 ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 36 ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 8 ПО 7 ПОМИНАТИ ТРКИ: ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ: 1. ВЕТЕЛ 161 1. РЕД БУЛ 255 2. БАТОН 101 2. МЕКЛАРЕН 186 3. ВЕБЕР 94 3. ФЕРАРИ 101 4. ХАМИЛТОН 85 4. РЕНО 60 5. АЛОНСО 69 5. МЕРЦЕДЕС ГП 52 6. МАСА 32 6. ЗАУБЕР 27 7. ПЕТРОВ 31 7. ТОРО РОСО 12 8. ХАЈДФЕЛД 29 8. ФОРС ИНДИЈА 10 9. ШУМАХЕР 26 9. ВИЛИЈАМС 4 10. РОЗБЕРГ 26 11. КОБАЈАШИ 25 12. СУТИЛ 8 13. БУЕМИ 8 14. БАРИЧЕЛО 4 15. АЛГУЕРСУАРИ 4 16. ДИ РЕСТА 2 17. ПЕРЕЗ 2

