Џенсон Батон одличен стратегист
Џенсон Батон ја освои својата 200 трка со брилијантно возење на влажно / сувата патека Хунгароринг. Ова е втора победа на Британецот во измешани временски услови, со одлучувачка стратегија, која го стави на врвот на подиумот, но мора да се напомене дека беше потпомогнат од лошата одлука на Хамилтон да смени Интермедиа гуми кога не требаше, а тука е казната со возење низ бокс заради небезбедно вклучување во трката по неговото извртување.Трката започна со старт на интермедиа гуми, и сите очекуваа, делумно и поради поголемиот капацитет на КЕРС-системот на Мекларен, како и секогаш Ред Бул да биде престинат, но Ветел со одличен старт се задржа на првото место. Наместо тоа видовме борба за второто место меѓу дуото на Мекларен, во која Хамилтон остана на второ место. Лош старт имаше Фернандо Алонсо, кога беше поминат и од двата болиди на Мерцедес ГП. Но веднаш по два круга кога гумите на Ферарито проработеа тој врати едно место назад, поминувајќи го некогашниот шампион Шумахер, а во 9-от го помина и Розберг. Одлучувачки девет загубени круга за висок пласман на Алонсо.
Хамилтон веднаш тргна во потера по Ветел, и му дишеше во врат веќе во третиот круг, а веќе во петтиот круг Германецот попушти пред притисокот на Хамилтон, направи грешка излезе премногу надвор од патеката и го препушти првото место, а Мекларенот веднаш почна да прави разлика, па сите очекуваа уште една лесна победа.
Патеката забрзано се сушеше па први по мазни гуми заминаа Вебер, Маса и Батон, а два круга по нив водечките тројка, Хамилтон, Ветел, Алонсо. Побрзото влегување во бокс донесе резултати за Батон кој го помина Ветел за второто место, а Вебер го помина Алонсо.
Следува мирен период во кој Хамилтон имаше солидна предност пред Батон, а Ветел пред Вебер и Алонсо. Овој редослед не им одговараше на Ферари, па многу рано го повикаа Алонсо повторно да ги посети механичарите. Тоа се покажа како супер потег, бидејќи Алонсо леташе по патеката и кога Ред Булите влегоа во бокс и двата беа поминати од Алонсо. Хамилтон и Батон ја искористија предноста за мирен влез во бокс, но се одлучија за различна тактика. Хамилтон повторно со супер меки гуми, а Батон со меки. Супер меките откажаа многу пред меките, па Хамилтон не успеваше да направи голема разлика, а поради истиот проблем Алонсо беше поминат од Ветел.
Но сите стратегии паднаа во вода кога во 47 круг ненадејно заврна дожд, а тој предизвика извртување среде патеката на Хамилтон. Тој се обиде да се врати на патеката што е можно побрзо, но не можеше да го спречи Батон да го преземање водството, исто така, тој заборави дека не е сам на патеката па го принуди Пол ди Реста да излезе надвор од асфалтот, потег што му донесе казна на Хамилтон.
Како што дождот се зголемуваше, Батон се изврте при првата кривина четири круга подоцна, овозможувајќи му на Хамилтон да се врати во водство. Батон се одмазди веќе во следниот круг и за кратко време повторно се најде во водство, само за да биде поминат уште еднаш од Хамилтон. Видовме одлична борба меѓу тимските колеги.
Но, бидејќи во Мекларен секогаш првиот нивни болид го има правото прв да бира за влез во бокс, Хамилтон донесе одлука да смени Интермедиа гуми, што испадна катастрофална одлука за него, бидејќи дождот брзо исчезна, а Британецот мораше назад во бокс по мазни гуми. Следеше неговото возење низ боксовите поради заработената казна, со што се прости од победата.
Џенсон Батон кратко се најде под притисок на Ветел, но имаше темпо да се извлече и ја освои својата втора победа оваа сезона. Вебер, исто како Хамилтон направи грешка со Интермедиа гумите, па Алонсо му го зеде третото место. Хамилтон успеа да ги претекне Вебер и Маса за во тие услови одличното четвртото место за него. Вебер заврши како петти, следен од Маса на шестото место. Пол ди Реста одличен на седмо место, со што се истакнува за титулата "Новак на годината". Бодови уште освоија и Буеми, Розберг, Алгуерсуари.
Следува три неделна пауза во Формула 1, заслужен одмор за сите, возачите, тимовите и нас фановите после неколкуте последни интересни трки. Останува да жалиме што нема таква битка и за Титулите во генерален пласман. Следната трка е во СПА, Белгија, на 28 Август.
УНГАРСКО ГП, ХУНГАРОРИНГ, 70 КРУГА, 306.663км;
Време: Влажна/Сува патека.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1ч43:42.337
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ + 3.588
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 19.819
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 48.338
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 49.742
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 1:17.176
7. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
8. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1 круг
9. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
10. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
11. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР + 1 круг
12. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 1 круг
13. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 2 круга
14. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 2 круга
15. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 2 круга
16. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 2 круга
17. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 4 круга
18. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 4 круга
19. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 5 круга
20. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ + 5 круга
НАЈБРЗ КРУГ: ФЕЛИПЕ МАСА, 1:23.415
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим при круг
Ковалаинен Лотус 56
Шумахер Мерцедес ГП 27
Хајдфелд Рено 24
Трули Лотус 18
Генерален Пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. ВЕТЕЛ 234 1. РЕД БУЛ 383
2. ВЕБЕР 149 2. МЕКЛАРЕН 280
3. ХАМИЛТОН 146 3. ФЕРАРИ 215
4. АЛОНСО 145 4. МЕРЦЕДЕС 80
5. БАТОН 134 5. РЕНО 66
6. МАСА 70 6. ЗАУБЕР 35
7. РОЗБЕРГ 48 7. ФОРС ИНДИЈА 26
8. ХАЈДФЕЛД 34 8. ТОРО РОСО 22
9. ШУМАХЕР 32 9. ВИЛИЈАМС 4
10. ПЕТРОВ 32
11. КОБАЈАШИ 27
12. СУТИЛ 18
13. БУЕМИ 12
14. АЛГУЕРСУАРИ 10
15. ДИ РЕСТА 8
16. ПЕРЕЗ 8
17. БАРИЧЕЛО 4