Силверстоун не е патека за изненадувачки победници. Никој не победил со старт од пониска позиција од петтата позиција, освен Емерсон Фитипалди кој стартувал како 7-ми во 1975 година.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел постигна хет-трик, победа, пол позиција и најбрз круг во Силверстоун во 2009 година, но минатата година неговата пол позиција не му донесе победа по судирот во првиот свиок со болидот на Луис Хамилтон кога заврши со дупната гума и на крај го освои само седмото место. Тој никогаш не е победен на квалификациите од страна на своите тимски колеги во Велика Британија.
• Марк Вебер триумфираше минатата година, водеше од почетокот до крајот, а го освои второто место во 2009 година. Пред тоа тој имаше освоено само еден поен во Силверстоун во далечната 2004 година со Јагуар. Се квалификувал 4 пати во најдобрите 10 од десет настапи. Неговата победа во 2010 година го направи осмиот различен победник во последните осум трки за британското ГП, приклучувајќи се на Рубенс Баричело, Михаел Шумахер, Хуан Пабло Монтоја, Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Хамилтон и Ветел. Последниот возач што победил на две последователни трки беше Дејвид Култхард во 1999 година и 2000 година.
• Луис Хамилтон е со пласман на подиумот во сите негови настапи на Британското ГП, освен во 2009 година кога беше 16-ти. Невообичаено, неговите настапи во квалификациите не се баш најдобри, често е победуван од тимските колеги.
• Џенсон Батон има кошмари кога е во прашање Британското ГП. Тој никогаш не завршил трка со пласман на подиумот, ни пак бил во водство барем еден круг на своето домашно Гран При. Тој се има квалификувано во најдобрите 10 само четири пати во 11 години. Можеби како резултат на тоа, тој никогаш не завршил трка повисоко од четвртото место. Двете 4-ти места се во 2004 година и 2010 година.
• Фернандо Алонсо завршува на подиумот во Силверстоун три години по ред, од 2005-2007. Беше победник, имаше пол позицијата, и најбрз круг во 2006 година.
• Фелипе Маса како и Батон во Силверстоун има лоши настапи, освојувал бодови само три пати и има три пласмани во најдобрите 10 на квалификациите. Најдобриот резултат во Силверстоун му е четвртото место во 2009 година, а неговиот најслаб пласман, 15-то место дојде во 2010 година. Но и покрај неговите слаби резултати, бразилецот секогаш успеал да го заврши Британското ГП до крај.
• Михаел Шумахер е најдобриот возач со Три Победи на Британското ГП. Тој има забележано поени секогаш кога тој ја завршил трката, а деветтото место минатата година е неговиот најлош настап во Велика Британија. Тој никогаш не се квалификува надвор од топ 10.
• Нико Розберг минатата година го забележа својот прв пласман на подиумот на Британското ГП, и од тогаш нема завршено трка на првите три места.
• Ник Хајдфелд најдобриот пласман на Британското ГП го има во 2008 година, кога беше пласиран на второто место со БМВ Заубер. Тој се има квалификувано во топ 10 во три од неговите последни четири настапи во Силверстоун.
• Виталиј Петров минатата година се квалификуваше на 15-тата позиција, а трката ја заврши на 13-тото место, но имаше проблем со дупната гума.
• Рубенс Баричело забележа хет-трик со победа, пол позиција и најбрз круг во 2003 година и има шест пласмани на подиумот во Силверстоун, а од него подобар е само кој друг ако не Михаел Шумахер со седум. Тој пропуштил да се квалификува во топ 10 само пет пати во 18 години и беше на Пол позицијата во 2000 и 2003 година.
• Адријан Сутил никогаш не се квалификувал во најдобрите 10 во Силверстоун, а ги освои своите први поени во Велика Британија со осмото место за Форс Индија минатата година.
• Камуи Кобајаши беше шести минатата година, а трката ја започна како 12-ти.
• Себастијан Буеми никогаш не започнал или завршил во најдобрите 10 во Силверстоун.
• Џејми Алгуерсуари нема многу среќа во Велика Британија, поради проблеми со кочницата не ја заврши минатогодишната трка, а беше во тој момент на 11-тото место.
• Хеики Ковалаинен ја освои својата прва и до сега единствена Ф1 Пол позиција во Силверстоун во 2008 година, а трката ја заврши на петтото место што е неговиот најдобар Британски Гран При резултат. Тој никогаш не бил победен во квалификациите од тимскиот колега на оваа патеката.
• Јарно Трули има освоено само осум бода во 14 започнати Британски ГП-ја, и покрај тоа што се квалификувал во првите 10 на седум трки. Шестите места во 2000 година за Јордан и 2003 за Рено остануваат неговите најдобри резултати.
• Витантонио Лиуци има три Британски Гран-при трки зад себе и никогаш не квалификувал или завршил во првите 10. 11-то место минатата година е неговиот најдобар резултат.
• Тимо Глок го завршил секое Британско ГП што тој го започнал, но никогаш не освоил поени.
• Жером Д`Амброзио, Пастор Малдонадо, Пол Ди Реста, Серџо Перез, Даниел Рикардо се дебитанти на Британското ГП.
ТИМОВИ
• Ред Бул е Победник на последните две Британски ГП-ја, и двата пати стартувајќи од Пол Позицијата, во 2009 година имаа 1-2 Победа. Пред тоа, Ред Бул никогаш не завршил во топ 10 во Силверстоун.
• Мекларен и Ферари го делат рекордот по Победи во Силверстоун. Последната победа на Британскиот тим е со Луис Хамилтон во 2008 година, а на италијанскиот тим со Кими Раиконен во 2007 година. Ферари, минатата година, не успеа да освои поени за прв пат од 1997 година. Ферари ја има првата Пол Позиција и Победа во Формула 1 шампионатот во Силверстоун во 1951 година.
• Мерцедес ГП го освојува третото место во последните три години во Силверстоун, но во 2009 година како Браун ГП, а 2008 година како Хонда.
• Рено не освоил поени во Силверстоун од 2008 година и не победил од 2006 година, кога беа први со Алонсо.
• Вилијамс има добри спомени од Силверстоун, кога со Клеј Регацони ја освоија првата Победа во Ф1 шампионатот, далечната 1979 година, а Алан Џонс ја освои првата Пол Позиција ден пред тоа. Победа на Жак Вилнев во 1997 година беше јубилејна 100-та за тимот.
• Форс Индија со Сутил ги освои своите први бодови во трката со осмото место минатата година.
• Заубер има постигнато поени и се квалификувале во топ 10 со најмалку еден болид во четири од последните пет трки. Единствената година кога не им успеало да го направат тоа беше во 2009 година.
• Торо Росо најдобриот резултат во Британија го имаат со 11-тото место на Себастијан Бурде во 2008 година.
2011 БРИТАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
7/08/2011 08:12:00 PM
0
Tags
Share to other apps

