Марина Беј една од најспектакуларните трки за фановите на Формула 1
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел ќе го има својот 50-ти настап за Ред Бул овој викенд во Сингапур, трка на која поради мали грешки нема победа во последните две изданија. Во 2009 година доби казна за пребрзо возење низ боксовите, додека минатата година боксот го напушти со втора брзина и заврши на второто место. Значајно е да се напомене дека Ветел има импресивен рекорд на градските патеки во текот на изминатите две години, секогаш бил на подиумот во Монако, Валенсија или Марина Беј од 2009 година. Тој победил на три од петте градски трки во тој период.• Марк Вебер само еднаш стигнал до целта на Сингапур ГП-то и тоа минатата година кога имаше инцидент со Луис Хамилтон и заврши на третото место, а пред две сезони трката не ја заврши поради проблеми со кочниците, и тоа е последен пат кога Австралиецот имал механички проблем со болидот.
• Луис Хамилтон е победник на Сингапур ГП во 2009 година, а минатата година имаше пласман на подиумот пред контактот со Вебер. Ова е прва година во Ф1 кариерата на Британецот, во која тој не успеа да има пласман на подиумот на градските трки. Ако Хамилтон се квалификува втор во Сингапур, тоа ќе биде по петти пат едно по друго. Последен пат ова се случило во 1993 година, кога Дејмон Хил го забележа ова постигнување. Рекордот го држи Рикардо Патрезе со шест едноподруго старта од втората стартна позиција, забележан во 1992 година.
• Џенсон Батон никогаш нема пласман на подиумот во Сингапур, а неговиот најдобар резултат е четврто место минатата година со Мекларен .
• Фернандо Алонсо има одлични настапи на Марина Беј, а минатата година ја имаше Пол Позицијата, Победи и постави Најбрз круг. Во 2008 година Победи со Рено, стартувајќи од 15-тата позиција, трка која ја одбележа со намерната несреќа на неговиот тимски колега Нелсон Пике Јуниор, а следната година беше трет. Алонсо е единствениот возач што освојува поени на секоја градска трка во изминатите три години.
• Фелипе Маса има мешани резултати во Сингапур. Во 2008 година почна од Пол позицијата и беше на пат да победи, но трката ја заврши само на 13-тото место по инцидентот со цревото за гориво, казната со поминување низ бокс, и на крај дупнатата гума. Минатата година се искачи од последното до осмото место. Нема пласман на подиумот на градски трки откако победи во Валенсија во 2008 година.
• Михаел Шумахер минатата година во Сингапур стартуваше од деветтата позиција, а трката ја заврши на 13-тото место. Тој нема освоено поени на градските трки по својот кам-бек.
• Нико Розберг беше втор во 2008 година, а можеби ги уништи неговите шанси за Победа на следната трка во 2009, кога по излезот од боксовите ја нагази белата линија и се здоби со казна-возење низ боксовите. Розберг само еднаш не се квалификувал во топ 10 од 13 градски трки.
• Бруно Сена минатата година се квалификуваше на последната стартна позиција во Сингапур со болидот на ХРТ , но започна како пред последен поради технички проблеми на Маса што ги имаше кај својот болид. Трката не ја заврши по судирот со Камуи Кобајаши во 29-от круг.
• Виталиј Петров никогаш не освоил поени на градска трка во својата Ф1 кариера, а неговиот најдобар резултат е 11-тото место во Сингапур минатата година.
• Рубенс Баричело завршува на шестото место во последниве две години во Сингапур со Браун ГП и Вилијамс. Во последните три години тој освојува поени шест пати од осум градски трки.
• Пастор Малдонадо заврши на 18-тото место на двете градски трки оваа сезона.
• Адријан Сутил минатата година во Сингапур ја заврши трката на осмото место, но официјално беше деветти откако доби казна од 20 секунди по завршувањето на трката поради кратење на кривина за време на трката. Тоа е неговиот единствен финиш во Сингапур.
• Пол ди Реста заврши на 12-то место во Монако и на 14-тото во Валенсија, овде е дебитант.
• Камуи Кобајаши минатата година беше на 10-тата стартна позиција во Сингапур, но беше елиминиран кога Сена удри во неговиот болид.
• Себастиен Буеми се квалификува како 13-ти во Сингапур во изминатите две години, но никогаш нема освоено поени. Буеми овој викенд ќе ја започне својата 50-та Гран При трка и го држи рекордот за настапи за Торо Росо.
• Џејми Алгуерсуари минатата година трката ја заврши на 12-тото место, а во 2009 година не ја заврши трката.
• Хеики Ковалаинен нема освоено поени во Формула 1 по завршувањето на седмото место во Сингапур со Мекларен пред две години. Минатата година неговиот Лотус спектакуларно се запали за време на завршната фаза од трката.
• Јарно Трули има само проблеми во Сингапур, и ја нема завршено трката во изминатите две години
• Витантонио Лиуци никогаш не бил во близина на најдобрите 10 во квалификациите во Марина Беј, а не е многу подобар и во трките. Минатата година тој имаше судир во првиот круг со Ник Хајдфелд, додека во 2009 година заврши 14-ти.
• Тимо Глок заврши веднаш зад Луис Хамилтон во 2008 и 2009 година завршувајќи на четвртото и второто место, и тоа е последен пат кога Германецот освојувал поени.
ТИМОВИ
• Ред Бул никогаш не победил во Сингапур, второто и третоо место за Ветел и Вебер минатата година претставува нивниот најдобар резултат во Марина Беј.• Мекларен пред две сезони со Хамилтон имаше Пол позиција и Победа. Секогаш се квалификувале во првите 10 на оваа патека и имаат четири финиши во поени од шест трки во Сингапур.
• Ферари има само два финиши со поени во Сингапур, а еден од нив е минатогодишната Победа на Алонсо. Имаат нестабилни резултати во квалификациите, со една Пол позиција, еднаш биле на третото стартно место и имаат дури три места надвор од топ 10. Тимот нема освоено Пол позиција од минатата година во Марина Беј.
• Мерцедес ГП никогаш не завршил трка повисоко од петтото место во Сингапур.
• Рено има само два старта од Најдобрите 10 во Сингапур, Алонсо беше на петтата позиција во 2009 и Роберт Кубица на осмата минатата година. Резултатите во трката им се донекаде подобри со една победа на Алонсо во 2008 година и пласман на подиум следната година, а тоа е последниот пат кога овој француски производител бил во водство.
• Форс Индија никогаш немал пласман во најдобрите 10 на квалификациите во Сингапур, и своите први поени ги обезбедија со минатогодишното деветто место на Сутил пред една година.
• Вилијамс има добри резултати во Сингапур. Секогаш се квалификуваат во најдобрите 10 во квалификациите, освен еднаш. Освоиле поени во четири наврати од шест започнати поединечни настапи.Најдобриот пласман дојде во 2008 година, кога Нико Розберг беше втор, по една конроверзна трка кога го игнорираше црвено светло на крајот на боксовите додека безбедносното возило беше надвор на патеката. Тоа беше последен пат кога Вилијамс заврши на подиумот.
• Заубер најзначаен резултат им е што имаа три пласмани во најдобрите 10 во квалификациите, но минатата година и двата нивни болиди не ја завршија трката.
• Торо Росо има еден пласман во најдобрите 10 и еднаш освоиле поени во Сингапур, и тоа со Ветел, кој беше петти во 2008 година, а трката ја започна од шестата позиција.
• ХРТ, Лотус, и Вирџин немаат позначајни резултати на Марина Беј.