Себастијан Ветел демонстрираше агресивност и надмоќ со својот болид
Себастијан Ветел беше најбрз на вториот слободен тренинг во Сингапур, демонстрираше голема агресивност и надмоќ со својот болид, како да сакаше да каже дека е решен да ја завери својата втора титула светски шампион веќе на оваа трка.Ветел беше 0.201 секунди побрз од Алонсо на втората позиција и 0.7 секунди од Хамилтон како трет најбрз на оваа сесија, и не ја повтори формата од утринскиот(за нас Европјаните) тренинг. Ферари имаа многу работа во подесувањето на болидите, за да го надоместат изгубеното време во текот на првиот тренинг. Маса на крајот заврши на четвртото место, само малку пред Марк Вебер со вториот Ред Бул. И тука завршуваат возачите кои ќе се борат за Пол Позицијата и Победата на трката.
Не треба да го заборавиме тука и Џенсон Батон кој овој тренинг го заврши многу порано од планираното, кога тој не успеа да ја фати кривината број 14, излета и иако не удри во бариерите, не беше во можност да се врати на патеката бидејќи рикверцот на неговиот болид не работеше, па мораше да се откаже од понатамошниот настап. На крај заврши како 10-ти.
Михаел Шумахер ја потврди својата добра форма во последните неколку викенди со поставување на шестото најбрзо време за Мерцедес ГП и ја предводи групата со заостанување зад најбрзиот од повеќе од две скунди. По него следуваат Адријан Сутил со Форс Индија и Зауберите на Серџо Перез и Камуи Кобајаши. Како што напоменавме Батон ги заокружи најдобрите десет на овој тренинг.
Разликите помеѓу најбрзиот и најбавниот се големи, па Жером д`Амброзио и болидите на ХРТ изгледаат ранливи на правилото 107% со повеќе од осум секунди заостанување зад Ветел. Со нетрпение ги очекуваме утрешните Квалификации, кои започнуваат во 16 часот по средно европско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:46.374 33
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:46.575 + 0.201 28
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:47.115 + 0.741 22
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:47.120 + 0.746 23
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:47.265 + 0.891 28
6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:48.418 + 2.044 27
7. АДРИЈАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:48.866 + 2.492 32
8. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:49.578 + 3.204 27
9. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:49.730 + 3.356 29
10. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:49.751 + 3.377 10
11. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:49.792 + 3.418 14
12. БРУНО СЕНА РЕНО 1:50.241 + 3.867 31
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:50.345 + 3.971 8
14. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:50.399 + 4.025 29
15. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:50.790 + 4.416 28
16. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:50.897 + 4.523 24
17. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:50.937 + 4.563 30
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:51.950 + 5.576 26
19. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:52.257 + 5.883 15
20. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:52.489 + 6.115 25
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:53.579 + 7.205 25
22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:54.649 + 8.275 25
23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:54.754 + 8.380 29
24. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 1:55.198 + 8.824 26