Звезда на денот: Ветел имаше близок контакт со бариерите
Првиот тренинг во Јапонија помина во мирна атмосфера и не многу интересни случувања. Тимовите и возачите беа сконцентрирани на тестирање на аердинамиката, нови компоненти за оваа и следната сезона, така да немаше многу брзи кругови.
Во ваква ситуација најбрзи беа возачите на Мекларен и тоа Џенсон Батон пред Луис Хамилтон со разлика помалку од една десетинка. Ред Бул многу резервиран на почетокот на Јапонското ГП, а звезда на тренингот беше Себастијан Ветел, кој при самиот крај на тренингот, излета надвор од патеката и се удри во заштитните бариери. Ударот
не беше силен, но механичари имаа малку работа за да го подготват болидот за вториот тренинг. Ферари тестираа различни аеродинамички решенија и делови за нивниот болид за следната сезона.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ 1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:33.634 20 2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:33.725 + 0.091 18 3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:34.090 + 0.456 22 4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:34.372 + 0.738 24 5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:34.426 + 0.792 25 6. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:34.937 + 1.303 23 7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:35.585 + 1.951 27 8. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:35.590 + 1.956 25 9. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:36.033 + 2.399 22 10. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:36.370 + 2.736 18 11. БРУНО СЕНА РЕНО 1:36.487 + 2.853 18 12. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:36.700 + 3.066 21 13. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:36.948 + 3.314 24 14. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:36.949 + 3.315 22 15. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:37.103 + 3.469 29 16. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:38.197 + 4.563 18 17. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:38.331 + 4.697 11 18. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:38.446 + 4.812 8 19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:39.168 + 5.534 10 20. КАРУН ЧАНДХОК ЛОТУС 1:39.946 + 6.312 22 21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:40.872 + 7.238 13 22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:41.019 + 7.385 24 23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:41.106 + 7.472 25 24. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:41.775 + 8.141 25
Батон најбрз колку да потсети на шамионските денови
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Мекларен и Џенсон Батон беа повторно најбрзи и на вториот тренинг. На Батон како да му легна ова патека или покажува задоволство од продолжениот договор со неговиот сегашен тим. Следуваат Фернандо Алонсо, Себастијан Ветел, Марк Вебер во некоја поднослива рамка на заостанување, но како што знаеме времињата од тренинзите се релативна работа. Мора да напоменеме дека не видовме вистински брзи кругови на Ветел и Хамилтон бидејќи во моментите кога ги возеа имаше жолти знамиња на патеката.Со полни резервоари најбрзи беа Ред Бул, а Ветел и Вебер возеа кругови речиси една секунда побрзи од Ферарито на Алонсо. На Хамилтон не ми доаѓа паметот па интересно е тоа што беше под истрага на Стјуардите на трката заради непочитуваење на жолтите знамиња, заедно со Сена, Буеми и Ковалаинен.
Забележителни резултати за болидите на Торо Росо, но тие велат дека работеле на подесувањата на болидите за трка, а не за квалификациите. Прв тркачки викенд за Вилијамс без Сем Мајкл и веднаш проблеми. Баричело го искрши болидот, а подоцна Малдонадо наеднаш запре на патеката. Тоа е тоа за денешните тренинзи, не очекуваа утрешните Квалификации со почеток во 07:00 CET.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ 1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:31.901 32 2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:32.075 + 0.174 33 3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:32.095 + 0.194 35 4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:32.147 + 0.246 28 5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:32.448 + 0.547 34 6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:32.710 + 0.809 26 7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:32.982 + 1.081 27 8. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:33.245 + 1.344 26 9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:33.446 + 1.545 36 10. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:33.681 + 1.780 33 11. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:33.705 + 1.804 25 12. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:33.790 + 1.889 36 13. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:34.393 + 2.492 35 14. БРУНО СЕНА РЕНО 1:34.557 + 2.656 27 15. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:34.601 + 2.700 33 16. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:36.038 + 4.137 33 17. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:36.225 + 4.324 35 18. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:37.123 + 5.222 14 19. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:37.440 + 5.539 30 20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:38.093 + 6.192 30 21. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:38.387 + 6.486 16 22. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:38.763 + 6.862 36 23. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:39.800 + 7.899 24 24. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:42.480 + 10.579 4