ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел е Победник на последните две Јапонски ГП-ја при тоа стартувајќи од пол-позицијата. Викендов има шанси(огромни) да ја завери својата Титула и со тоа да стане најмладиот двоен Шампион во Формула . Ако тоа го направи со победа на трката, тој ќе го изедначи
рекордот од Михаел Шумахер,Победник на трипоследователни Јапонски ГП-ја со старт од Пол Позицијата. На Шумахер тоа му успеа помеѓу 2000-2002 година.• Марк Вебер го забележуваше најбрзиот круг на минатите две трки во Јапонија. Минатата година Австралиецот го имаше својот најдобар резултат во Сузука, освојувањето на второто место зад Ветел. Вебер освојувал поени уште еднаш во Сузука со четвртото место во 2005 година.
• Луис Хамилтон го постигна својот најдобар резултат во Сузука пред две години со третото место, а воопшто на Јапонското ГП победи во 2007 година(Фуџи) и има две Пол Позиции (Фуџи 2007 и 2008). Сузука останува една од трите патеки каде што нема освоено Пол Позиција, а другите две се Барселона и Јеонгам.
• Џенсон Батон само еднаш не завршил во поени на Сузука, пред десет години, кога заврши како седми. Неговите настапи во Јапонија му се константно добри, но просечни. Има само еден пласман на подиумот во 2004 година кога го освои третото место. И покрај фактот што тој секогаш се квалификува во Најдобрите 10, нема освоено Пол Позиција, а започнал од првиот ред само еднаш во 2005.
• Фернандо Алонсо победи во Сузука во 2006 година, кога откажа моторот на болидот на Михаел Шумахер, при тоа давајќи му ја Победата на Шпанецот. Минатата година тој заврши на третото место зад болидите на Ред Бул, а карактеристично за Алонсо е тоа што има Победено за Јапонското ГП и на Фуџи (2008) и на Сузука (2006). Тој никогаш не започнал од првиот ред, а најдобар пласман во квалификациите му е четвртата позиција.
• Фелипе Маса има стартувано на седум трки за Јапонското ГП, од кои не завршил две и тоа првата на своето деби на Јапоското ГП во 2002 и последната минатата година. Најдобар резултат му е второто место во 2006 година кога и ја освои својата единствена Пол Позиција во Јапонија.
• Михаел Шумахер своите најдобри резултати ги имаше во периодот од 1994-2004 година, кога од единаесет трки забележа Осум Пол Позиции и Шест Победи. Тој беше без пораз во квалификациите од тимскиот колега од 1991 до 2002 година, но во последните пет трки овде е победен четири пати.
• Нико Розберг најдобриот резултат во Јапонија го има во 2009 година со петтото место освоено со болидот на Вилијамс. Настапил на 5 трки од кои не завршил две, најсвежа во сеќавањето ни е трката од минатата година кога не ја заврши поради тркалата.
• Бруно Сена има само еден настап на Јапонското ГП и тоа минатата година со болидот на ХРТ кога старуваше од 23-тата позиција а трката ја заврши на 15-то место.
• Виталиј Петров мината година како дебитант тука не успеа да ја заврши трката, а стартуваше од 13-тата позиција.
• Рубенс Баричело беше втор во Сузука во 2002 година зад Шумахер, една од многуте еден-два победи на Ферари таа година. Следната година тој беше Победник, стартувајќи од Пол Позицијата, а со тоа му помогна на својот тимски колега за освојување на Титулата. Борбата се одвиваше меѓу Шумахер и Раиконен. Од таа победа, пред осум години, тој освои само четири поени во Сузука.
• Адриан Сутил има четири стартувани трки во Јапонија од кои 2 не завршил, а најдобар резултат му е 8-то место во 2007 година со Спајкер.
• Камуи Кобајаши минатата година како дебитант трката ја започна од 14-тата позиција, а ја заврши на одличното 7-мо место.
• Себастиен Буеми има два настапи на Јапонското ГП, а минатата година го освои единствениот поен со пласманот на десеттото место.
• Џејми Алгуерсуари исто како и својот тимски колега има настап на две трки, а лани му е најдобриот резултат на 11-тото место.
• Хеики Ковалаинен најдобрите резултати ги имаше во деновите кога возеше за Рено, кога го забележа единствениот пласман на Подиумот со второто место во 2007 година, и за Мекларен (2008) кога го испушти третото место поради проблеми со моторот, а стартуваше од третата позиција.
• Јарно Трули во 2009 година го имаше неговиот најдобар резултат на Јапонското ГП т.е. Второ место, неговиот последен пласман на подиумот до денес, и последниот за италијански возач во Формула 1.
• Витантонио Лиуци своето деби на Јапонското ГП го има со настап на слободните тренинзи за трката во 2005 година со болидот на Ред Бул RB1. Има започнато четири трки, а најдобар пласман му е 9-тото место во 2007 година.
• Тимо Глок нема позначајни постигнувања на Јапонското ГП, освен 8-та старта позиција во 2008 година со болидот на Тојота.
• Жером д`Амброзио минатата година стекбна искуство со настап на слободните тренизи за тимот на Вирџин.
• Пастор Малдонадо, Пол ди Реста, Серџо Перез, Даниел Рикардо се дебитанти на Јапонското ГП.
ТИМОВИ
• Ред Бул има добри настапи на Јапонското ГП, а нивните болиди во последните две трки забележуваа Победа, Пол Позиција и го поставија Најбрзиот круг. Минатата година Ветел и Вебер забележаа 1-2 Победа.• Мекларен го забележа својот последен подиумот овде пред две години и својата последна победа во 2005 година, со еден незаборавен камбек на Кими Раиконен, кој стартуваше од 17-та стартна позиција.
• Ферари е рекордерот со Седум Победи на Јапонското ГП, но последната дојде во далечната 2004 година.
• Рено имаше ужасна трка минатата година. Веќе во вториот круг двата нивни болиди беа надвор од трката. Тоа беше последен пат кога тимот имаше двојно откажување до денес.
• Вилијамс го забележа својот последен подиумот во Јапонија во 2004 година, а својата последна Победа во Сузука беше во 1996 година, кога Дејмон Хил ја освои Титулата Светски Шампион во Формула 1.
• Форс Индија страда од јапонско проклетство. Двојно откажување во 2008 година во Фуџи, во 2009 година не освоиле поени, а потоа пак двојно откажување минатата година.
• Заубер забележува поени во последните пет Јапонски ГП-ја.
• Торо Росо има освоено само еден поен во Сузука, со Себастијан Буеми минатата година.
• Лотус минатата година го постигна својот најдобар резултат од доаѓањето во Формула 1 во 2010 година, со 12-тото место на Хеики Ковалаинен.