Себастијан Ветел ја обезбеди Титулата со третото место, Батон победи!!!
Батон со прекрасна тактика и совршено возење стигна до Победата на Сузука, но Себастијан Ветел ги примаше сите честитки за освоената Втора Титула Светски Шампион во Формула 1. Не му се оствари желбата тоа да го направи со победа, но и третото место на подиумот беше доволно за да и теоретски ја осигура Титулата.
Утрово на Јапонското ГП одлучувачки фактор беа гумите, па така возачите и болидите кои се "нежни" кон гумите на Пирели се најдоа на првите две места. Џенсон Батон како победник, а Алонсо со Ферари се задоволи со второ место. Добра трка за Алонсо, и покажа како се вози, а не како на минатата трка кога ја преспа. Тој го помина Ветел со помош на пит-стоп стратегијата, а подоцна дури и се обиде да го нападне Батон за првата позиција, но Батон имаше брзина и не дозволи никакво изненадување, напротив во последните кругови забрза и го постави Најбрзиот Круг во трката.
Марк Вебер со просечен настап на четвртото место, помогнато од контактот со Михаел Шумахер, при што повторно загуби дел од предното крило. Како и Австралиецот и Хамилтон со уште една трка со контакт и повторно со Фелипе Маса, кој беше разгледуван од стјуардите кои одлучија дека нема основа за санкции.
Михаел Шумахер повторно со добар настап, дали од Мерцедес навестуваат добар настап во следната сезона? Да се надеваме. Меѓу подобрите возачи денес беше и Серџо Перез кој стартуваше како 17-ти, а трката ја заврши на 8 место. Забележителен напредок имаше и Нико Розберг, кој стартуваше како 23-ти и на крајот успеа да освои еден поен со десеттото место.
ЈАПОНСКО ГРАН ПРИ, СУЗУКА, ЈАПОНИЈА;
53 круга, 307.573км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1ч30:53.427
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 1.160
3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ + 2.006
4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 8.071
5. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 24.268
6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 27.120
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 28.240
8. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 39.377
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 42.607
10. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 44.322
11. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 54.447
12. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1:02.326
13. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР + 1:03.705
14. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1:04.194
15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1:06.623
16. БРУНО СЕНА РЕНО + 1:12.628
17. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 1:14.191
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 1:27.824
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 1:36.140
20. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 2 круга
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 2 круга
22. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 2 круга
23. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: ЏЕНСОН БАТОН - 1:36.568
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 35
ПЛАСМАН ПО 15 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.ВЕТЕЛ 324 1. РЕД БУЛ 518
2. Џ.БАТОН 210 2. МЕКЛАРЕН 388
3. Ф.АЛОНСО 202 3. ФЕРАРИ 292
4. М.ВЕБЕР 194 4. МЕРЦЕДЕС ГП 123
5. Л.ХАМИЛТОН 178 5. РЕНО 72
6. Ф.МАСА 90 6. ФОРС ИНДИЈА 48
7. Н.РОЗБЕРГ 63 7. ЗАУБЕР 40
8. М.ШУМАХЕР 60 8. ТОРО РОСО 29
9. В.ПЕТРОВ 36 9. ВИЛИЈАМС 5
10. Н.ХАЈДФЕЛД 34
11. А.СУТИЛ 28
12. К.КОБАЈАШИ 27
13. П.ди РЕСТА 20
14. Џ.АЛГУЕРСУАРИ 16
15. С.БУЕМИ 13
16. С.ПЕРЕЗ 13
17. Р.БАРИЧЕЛО 4
18. Б.СЕНА 2
19. П.МАЛДОНАДО 1