Ветел му ја украде Пол Позицијата на Батон, а Хамилтон се чуди како и Батон почна да го Победува.
Себастијан Ветел ја освои својата 12-та Пол Позицијата за Јапонското ГП, но овој пат малку потешко (море малку повеќе) бидејќи Џенсон Батон кој беше втор најбрз заостана само за човек невидливи 0,009с., а Луис Хамилтон за неколку секунди не успеа да стигне на време за нов брз круг со кој реално би требало да беше најбрзиот денес.
Така Британецот остана само на третата стартна позиција. Следуваат болидите на Ферари, овој пат Фелипе Маса пред Фернандо Алонсо, а шестата позиција резервирана за Марк Вебер.
Михаел Шумахер ќе стартува седми и покрај направената иста грешка како Хамилтон, па нема поставено време во последната сесија, како и Бруно Сена, Виталиј Петров и Камиу Кобајаши кој ги заокружува Најбрзите дестмина денес на Квалификациите во Сузука.Како што кажавме Мекларен беше најбрзиот болид денес, а Хамилтон се очекуваше да ја освои Пол Позицијата, но при влезот во последната шикана беше попречен(не намерно) од Вебер и Шумахер, и ја помина целната линија неколку секунди по завршувањето на времето за последната сесија, па не беше во можност да постави брз круг. Лошо менаџирање на круговите од инженерите на Мекларен.
Добар настап пред домашната публика имаше Камуи Кобајаш, кој успеа да се пласира во финалната сесија и да биде со пласман во најдобрите десетмина. Сепак, можеби тоа е како резултат на тоа што тимовите на Торо Росо и Форс Индија во Q2 се обиделе што повеќе да ги штедат своите гуми, бидејќи оваа патека е многу "сурова" кон гумите па тимовите прогнозираат и до пет застанувања во боксовите.
Серџо Перез не постави време поради проблеми со хидраулика на неговиот болид, исто како и Нико Розберг во првата сесија. Витантонио Лиуци помина низ уште една лоша сесија за него и повторно не успеа да постави време, па тој нема поставено време во рамките на правилото 107%. На двајцата стјуардите им дадоа зелено светло да се тркаат за Јапонското ГП и покрај неуспехот да се постават време во квалификациите. Нико како и да е имаше право на тоа, но Лиуци не, па се поставува прашањето зошто се воведуваше ова правилокога никогаш не се почитува.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:30.466
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:30.475 + 0.009
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:30.617 + 0.151
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:30.804 + 0.338
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:30.886 + 0.420
6. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:31.156 + 0.690
7. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП без поставено време
8. БРУНО СЕНА РЕНО без поставено време
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО без поставено време
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР без поставено време
Q2 Најбрзо Време: Л.Хамилтон 1:31.612 РАЗЛИКА
11. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:32.463 + 1.997
12. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:32.746 + 2.280
13. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:33.079 + 2.613
14. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:33.224 + 2.758
15. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:33.227 + 2.761
16. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:33.427 + 2.961
17. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР без поставено време
Q1 Најбрзо Време: К.Кобајаши 1:32.626 РАЗЛИКА
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:35.454 + 2.828
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:35.514 + 2.888
20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:36.439 + 3.813
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:36.507 + 3.881
22. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:37.846 + 5.220
23. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП без поставено време
24. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ без поставено време
107% време: 1:39.109