КРАТКИ ВЕСТИ ОД ФОРМУЛА 1
2/20/2012 04:35:00 PM
0
Oд тимот на Катерам денес објавија дека е потпишан договор со SIBUR како официјален партнер на тимот. SIBUR e една од најголемите петрохемиски компании во Русија и Источна Европа. Тие исто така, потврдија дека го продолжуваат договор за партнерство со Виталиј Петров, потпишан во 2011 година. Логото на SIBUR ќе биде на болидите на Катерам како и на спортската опрема на Петров во текот на 2012 сезоната.
Денес во Барселона, Мерцедес ГП имаше приватен тест со својот нов болид W03, при што Шуми и Розберг извозеа околу 300км. со натпреварувачки гуми. Тоа беше првиот вистински тест на новиот болид, по промотивното возење на патеката Силверстоун каде беа користени демонстративни гуми на Пирели. Мерцедес ГП се реши подоцна да го презентира својот болид за сезоната 2012, со цел да се концентрира на неговиот развој. Новиот болид на Мерцедес ГП, кој ќе ја носи ознаката W03 ќе биде откриен во вторник на патеката Каталуња, Барселона, пред почетокот на втората тест сесија.
Норберт Хауг потврди дека новиот W03 нема да има големи иновации.
"Мислам дека нема да видите некое големо изненадување кога ќе биде откриен новиот болид, но сигурен сум дека имаме неколку паметни решенија и неколку добри идеи. Тоа е добра основа на која што понатаму може да се работи и сигурно дека нема да направиме пресврт во работите, но потребно е да направиме добар чекор кон напред со новиот болид. Овој болид е продукт на тоа што успеавме да го научиме во изминативе две години."
Жан Франсоа Кубе, одговорниот за моторите на Рено во Формула 1, изјави дека во Ред Бул нашле начин како да ја надополнат загубата на downfore-от поради новите правила за издувните системи.
"Формула 1 се врти околу креативноста. И покрај тоа што дојде до промена во правилата, ние работевме со Ред Бул и најдовме решение како да ја компензираме загубата на перформансите. Не е исто како предходно, но имаме мудро решение кое што може да направи голема разлика."
Луис Хамилтон мисли дека по завршувањето на тестот во Барселона работите ќе бидат многу појасни.
"Следниов тест во Барселона би требало да разјасни некои работи. Тоа е добра патека за споредување во однос на другите, затоа ќе биде навистина интересно."
Tags
Share to other apps