Ветел како да сака да ги депримира ривалите уште пред почетокот на сезоната!!!
Себастијан Ветел го забележа најбрзото време на втората пред сезонска тест сесија на патеката Каталуња во Барселона, демонстрирајќи импресивно темпо. Иако на прв поглед времето на Ветел е подобро од времето на Форс Индија за само 0,175 сек. треба да се земе фактот што неговото најдобро време е поставено на тврди гуми, што значи дека RB8 има да понуди многу повеќе во следните денови. Нико Хулкенберг беше втор, со Луис Хамилтон трет и Даниел Рикардо како четврт, со времиња забележани пред паузата за ручек.Фернандо Алонсо беше петти најбрз, но со заостанување од речиси секунда зад Ред Бул, плус извозе 25 помалку од планираните 100 круга. Михаел Шумахер го имаше првиот јавен тест на W03 и веднаш со релативно конкурентни времиња, тој го постави шестото најбрзо време, само 0.050 сек. зад Алонсо. Факт е дека Мерцедес ГП вчера на приватната тест сесија имаа време да го подесат својот болид. Сепак, ова не беше совршен ден за нив, бидејќи Шумахер извозе само 8 круга во попладневните часови. Најверојатно имале проблем со хидрауликата на болидот.
Роман Грожан со Лотус и покрај напуштањето на сесијата, успеа да заврши седум круга. Напуштањето дојде поради проблем со шасијата, па пред време го завршија првиот ден. Од тимот изјавија дека шасијата од Херез ќе биде доставена во текот на ноќта и се убедени дека ќе бидат подготвени за утрешниот ден. Забележителна акција имаше и од Чарлс Пик со минатогодишниот болид на Марусија, извозувајќи импресивни 121 круга.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ 1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:23.265 79 2. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:23.440 + 0.175 97 3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:23.590 + 0.325 114 4. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:23.618 + 0.353 76 5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:24.100 + 0.835 75 6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:24.150 + 0.855 51 7. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:24.219 + 0.954 66 8. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:25.711 + 2.446 97 9. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН КАТЕРАМ 1:26.035 + 2.770 31 10. РОМАН ГРОЖАН ЛОТУС 1:26.809 + 3.544 7 11. ЧАРЛС ПИК МАРУСИЈА 1:28.026 + 4.761 121