Iceman потсети на најдобрите денови!!!
Кими Раиконен го обележа своето официјално враќање во Формула 1 во висок стил. На првиот ден од тест сесијата во Херез, Финецот го забележа најбрзото време. Второто најбрзо време го забележа Пол ди Реста со Форс Индија, трет беше Нико Розберг, кој го возеше стариот болид на Мерцедес ГП, бидејќи новиот ќе биде презентиран на 21 Фебруари. Марк Вебер го забележа 4-тото најдобро време, додека Џенсон Батон и Фелипе Маса беа скромни со осмо т.е. деветто најбрзо време.Во тимот на Лотус беа задоволни од текот на првиот ден, но и го изразија своето разочарување од одлуката на ФИА да го забрани нивниот систем за стабилност при кочење и забрзување за оваа сезона, но не веруваат дека овој потег ќе наштети на нивните перформанси.
"Ние потрошивме многу време и енергија, плус пари, во развој на овој систем. Очигледно не сме глупави, секој пат кога ние имаме нешто ново, ние одиме во ФИА, и ФИА ни даде подршка. Сега, кога ќе почневме да го користиме, тој се забранува, а тоа секогаш е фрустрирачки. Ние ќе го почитуваме правилото, но тоа е фрустрирачки."-изјави Ерик Булие шефот на Лотус...
Како што кажавме рано е за прогнози, па овие времиња не треба да се земаат како веродостоен одраз кој е најбрзиот во моментов, а кој е најспор. На пример, ХРТ со болидот од минатата година беа само 5% побавни од најбрзото време. Со девет нови болиди во акција на првиот ден на тестот имавме релативно тивок ден.
Марк Вебер со новиот болид на Ред Бул, тест сесијата ја започна со задоцнување од неколку часа, поради проблеми со транспортот на задното крило на болидот. (поради густа магла на аеродромот во Херез).
Хеики Ковалаинен извозе 28 круга во новиот Кетерам CT01, имаше забележително време, само 4 десетинки побавно од Ферарито на Фелипе Маса, но неговата програма заврши предвреме по проблемите со стартерот на болидот.
Денес имавме две црвени знамиња, за првото причина беше Даниел Рикардо, кога поради пад на притисокот на маслото, неговиот Торо Росо STR7 запре на патеката. За второто "виновник" беше Камуи Кобајаши, кој по поминати 105 круга, најмногу од сите, половина час пред финишот имаше проблем со својот C31.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. КИМИ РАИКОНЕН ЛОТУС 1:19.670 73
2. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:19.772 + 0.102 101
3. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:20.219 + 0.549 56
4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:20.496 + 0.826 53
5. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:20.694 + 1.024 57
6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:20.794 + 1.124 41
7. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:21.353 + 1.683 106
8. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:21.530 + 1.860 60
9. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:22.815 + 3.145 69
10. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН КЕТЕРАМ 1:23.178 + 3.508 28
11. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:23.371 + 3.701 25
11. ПЕДРО ДЕ ЛА РОСА ХРТ 1:23.676 + 4.006 44