Шумахер инспириран од Кими денес беше најбрз, но со стариот болид !!!
Михаел Шумахер го постави најдоброто време на вториот ден од првата тест сесија во Херез. Времето на Шумахер од 1:18.561, поставено во утринските часови, успеа да остане недостижно за сите останати. Но, Мерцедес ГП го користи својот минатогодишен болид за да ги анализира новите гуми на Пирели. Неговото време беше забележано на меки гуми. Марк Вебер со РБ8 беше најбрз од 2012 болидите. Австралијанецот, исто така, најбрзото свое време го постави во утринските часови, а веќе во попладневните часови тие се фокусираа на подолги стинтови. Времето што го забележа, 1:19.184, e најбрзото време што некој го има поставено во еден од новите болиди донесени во Шпанија оваа недела.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:18.561 132
2. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:19.184 + 0.623 97
3. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:19.587 + 1.026 100
4. ЖИЛ БЈАНКИ ФОРС ИНДИЈА 1:20.221 + 1.660 46
5. КИМИ РАИКОНЕН ЛОТУС 1:20.239 + 1.678 117
6. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:20.272 + 1.711 69
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:20.454 + 1.893 95
8. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:20.688 + 2.127 85
9. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:20.711 + 2.150 68
10. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:21.197 + 2.636 97
11. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН КЕТЕРАМ 1:21.518 + 2.957 139
12. ПЕДРО ДЕ ЛА РОСА ХРТ 1:22.128 + 3.567 64