Камуи Кобајаши го забележа најбрзото време на последниот ден од тестирањето во Барселона, воедно тоа беше и најдоброто време поставено оваа недела. Јапонецот го постави ова време на меките гуми на Пирели во последниот час од утринската сесија и беше само малку понапред од вчерашиот репер на Пастор Малдонадо.
Малдонадо, исто така, и денес беше неговиот најблизок противкандидат во оваа сесија, побавен за четвртина од секундата, со време поставено на супер-меките гуми. Пол Ди Реста беше еден од само тројцата возачи што го подобрија своето најдобро време во попладневните часови, поставувајќи трето најбрзо време со супер-меки гуми.
Џенсон Батон имаше четврто најбрзо време, само 0.081сек. побавно отколку Ди Реста. Извозе вкупно 115 круга, исполнувајќи ја нормата на Мекларен од 100 круга за секој ден на тестот, иако тој го предизвика последното црвено знаме со една минута до крајот на сесијата.
Спротивно на нив, Ферари за прв пат денес ја надминат бариерата од 100 круга, т.е. Фелипе Маса денот го заврши со извозени 103 круга. Тимот призна дека е "подобро подоцна отколку никогаш". Ова беше охрабрувачки крај на тестот откако Маса беше 0.2сек. побрз од Марк Вебер, кој мора да напоменеме дека имаше проблеми овојпат со менувачот на сојот болид и извозе резервирано само 85 круга. Во тимот на Ред Бул се надеваат на повеќе километража следната недела...
Тимот на Марусија поради поблеми со амортизацијата не беа во можност да завршат нитѕ еден круг на последниот ден на тестирање со нивниот болид од минатата сезона. Нивниот нов болид MR-01треба да биде презентиран за време на третата и последна тест сесија пред стартот на сезоната. Таа исто така ќе се одржи во Барселона од 1-4 Март 2012.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:22.312 145
2. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:22.561 +0.249 134
3. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:23.119 +0.807 101
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:23.200 +0.888 115
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:23.563 +1.251 103
6. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:23.774 +1.462 85
7. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:23.792 +1.480 92
8. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:23.843 +1.531 139
9. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН КАТЕРАМ 1:26.968 +4.656 70