Малдонадо денес го извозе најбрзиот круг во Барселона !!!
Пастор Малдонадо го забележа најбрзото време во Барселона, притоа ги користеше супер-меките гуми на Пирели. Поставеното време е 0.217 сек. побрзо од најдоброто време поставено вчера од Нико Хулкенберг. Малдонадо ги искористи супер-меките гуми на Пирели, непосредно пред паузата за ручек за да го постави најдоброто време во Барселона оваа недела со 1:22.391.Иако тимовите се таинствени околу нивните програми на тестирањата, Малдонадо најверојатно имаше симулација на квалификации, бидејќи имаше кратки стинтови со меки гуми, проследено со пет круга на супер-меките гуми кога го постави најбрзото време. Повеќето тимови имаа долги стинтови т.е. симулација на услови на трка, а најактивен беше Михаел Шумахер поминувајќи 59 круга во еден стинт со W03.
Мекларен извозе 100 круга, а Џенсон Батон го имаше четвртото најбрзо време, но речиси 1.5 сек. побавно од најбрзото забележано време. Марк Вебер беше шести, но предизвика едно од црвените знамиња кога неговиот болид застана на осмата кривина со најверојатно механички проблем. Австралиецот тогаш возеше симулација на трка со неколку пит-стопови. Вебер имаше слични времиња со Фелипе Маса кој извозе 84 круга, обидувајќи се во Италијанскиот да го разберат F2012. И Бразилецот имаше малку предвремен крајодкако неговиот болид застана на крајот од боксовите две минути пред крајот на сесијата.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:22.391 106
2. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС 1:23.384 +0.993 127
3. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:23.582 +1.191 99
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:23.918 +1.527 114
5. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:24.433 +2.042 78
6. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:24.771 +2.380 97
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:24.771 +2.380 84
8. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:25.646 +3.255 83
9. ТИМО ГЛОК МАРУСИЈА 1:26.173 +3.782 108
10. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ КАТЕРАМ 1:26.448 +4.057 70