Денес на патеката во Херез, Заубер беше првиот тим кој го презентираше својот нов болид со ознака Ц31. Возачката постава останува истата од минатата година, т.е. Камуи Кобајаши и Серџо Перез.
Петер Заубер, шефот на овој тим ги објасни нивните цели:
"Очекуваме да ја започнеме и оваа сезона силно како и претходната, но и да го одржиме тоа ниво низ целата сезона, а не како минатата до Силверстон. Нашата цел е постојано да освојуваме поени и да се обезбеди најдобра можна позиција во шампионатот. Со нетрпение очекувам успешно да соработуваме со нашите млади возачи. На Камуи ова ќе му биде трета сезона во Формула 1, а минатата година тој беше лидер на тимот, улога која одлично ја одработи. Серџо лани ја имаше својата деби сезона, која обично е најтешката за еден возач. И двајцата имаат огромен потенцијал и нивната соработка со инженерите ќе биде клучна за постигнување на нашите цели."
Камуи Кобајаши:
"Минатата година имавме многу проблеми со мапирањето на моторот и дифузерите. Застанавме да го развиваме нашиот болид веќе по трката во Силверстоун. Оваа година имаме подобри шанси со промената на правилата, кои се во наша корист, како и промените направени од страна на Пирели. За што поуспешна година ние треба правилно да оцениме на што треба да го фокусираме нашиот развој. Ако успееме во тоа ќе имаме многу подобри перформанси во текот на сезоната."
Серџо Перез:
"Мојата руки сезона во Формула 1 ми изгледаше како три, имаше толку многу нови работи и случувања. Една од тие работи е судирот во Монако, поради која отсуствував на две трки. Сега повторно се чувствувам како да сум новак во Формула 1 и јас сум решен да направам уште еден чекор напред оваа година и да постигнам што подобри резултати за тимот"