Светскиот шампион, тимот на Ред Бул го презентираше својот болид, РБ8, со кој ќе се обидат ја одбранат титулата во конструктори. Адријан Њуи, човекот кој се смета како клучен за доминацијата на Ред бул, повторно е одговорен за дизајнот на болидот. Болидот е сличен на минатогодишниот, но располага со ревидиран нос, со степеница, и издувен систем приспособен на правилата од оваа сезона. На прв поглед изгледа како и од Ред Бул да не се снашле баш со новите правила, па како да не очекува возбудлива сезона во која не би требало да има некој многу доминантен тим.
Дали е така ќе дознаеме веќе утре, кога болидите ќе излезат на патеката Херез, Шпанија.
Себастијан Ветел:
"Ние секогаш ќе гледаме со гордост кон 2011 година, затоа што мислам дека таа беше нешто посебно. Но, да бидам искрен, не се почнува сезона со очекувања за иста или слична година како и минатата. Би било погрешно ако очекуваме да се повтори 2011 година, каде што првично имавме голема предност во однос на нашите конкуренти. Гледајќи ги болидите, не постои многу простор за експерименти на дизајнерите. Последните две сезони имавме две големи работи на болидите, двојниот дифузор и системот на издувни гасови, кои се забранети оваа сезона. Мислам дека ќе биде многу тешко да се направи голема разлика на почетокот во однос на другите тимови. Очигледно ние се надеваме дека нашиот болид ќе биде подобрар од другите, но тоа ќе биде тешко. Мислам дека ќе биде многу, многу тесно оваа сезона, а се останато би било големо изненадување."
Адриан Њуи:
"Изградбата на болидот оваа година помина фантастично добро, и мислам дека е олицетворение на континуитет... Континуитет во сите области. Мислам дека ние го дизајниравме и изградивме овој болид во рекордно време, во смешно краток временски период. Ние ја постигнавме нашата цел да бидеме на првиот тест, па, и покрај снегот минатата недела, мислам дека ние сме во одлична форма за првиот тест.""Мислам дека ние еволуиравме како тим, како единка. Мислам дека имаме огромна сила и длабочина и мислам дека ние одржуваме силен континуитет во текот на последните неколку години. Мислам дека ние сме добро подготвени за сезоната што следува. Ние, секако, не го потценуваме квалитетот на нашите противници, но ние ја стартуваме 2012 година со многу решеност да ги задржиме двата трофеи во своите витрини."