Од тимот на Марусија среќни што нивниот болид конечно е на патеките!!!
Чекајќи ја најавената презентација на ХРТ, ја дочекавме ненајавената презентација на Марусија. Овој Ф1 тим го презентираше својот нов Формула 1 болид со ознака MR01 на патеката Силверстоун.
Ова е деби на патеките за болидот на овој Англо-Руски тим, откако не успеа да ги помине задолжителното краш тестови минатата недела, па затоа не можеа да се приклучат на финалниот тест во Барселона.Џон Бут, нивниот шеф изјави:
"Ние сме многу среќни што ова утро можеме да го испробаме MR01 за прв пат. Имавме долга и фрустрирачка недела и сите во тимот го чекаа овој момент. Ние сега сме на вистинскиот пат и може да почнеме да работиме на болидот за првата трка од сезоната во Австралија следниот викенд."
"Денес е првиот од двата промотивни настани, на кои возачите ќе можат да го почувствуваат новиот болид. Тие нема да можат да извлечат вистински заклучоци се до петокот во Мелбурн. Сепак, ова е важен ден за нас и ние ќе уживате во секоја минута на патеката со новиот болид. "