Во Барселона презентиран новиот Ф112 !!!
Новиот ХРТ F112 ги направи своите први кругови на патеката во Барселона, на само помалку од две недели до првата Гран При трка во Австралија.
Шпанскиот тим ги искористи правилата за промотивен ден, за да го раздвижи својот нов автомобил. Болидот на ХРТ ќе биде придвижуван од Cosworth мотори веќе трета година по ред. Болидот на ХРТ беше презентиран на истиот ден како нивните ривали од дното на поредокот Марусија, но англо-рускиот тим сеуште ги нема поминато сите задолжителни краш тестови.