Лотус се врати на тестовите и веднаш со најбрзо време !!!
Денес на првиот ден од последниот пред-сезонски тест на патеката Каталуња, Барселона, по неколку пропуштени тест сесии Лотус се врати на патеките и веднаш со позитивен резултат за нив. Роман Грожан го забележа најбрзото време во последните 30 минути од сесијата, користејќи ги меките гуми на Пирели, потиснувајќи го Џенсон Батон со Мекларен на втората позиција, иако поголемиот ден го помина на првото место. Англичанецот извозе само 57 круга со MP4-27, а од овој тим изјавија дека тоа се должи на значителната надградба на болидот на овој тест пред почетокот на сезоната закажана на 16-18 Март во Мелбурн. Неговото време беше поставено на тврдите гуми на Пирели.Брзите времиња беа поставени во утринскиот дел, а во попладневниот период беа реткост, бидејќи тимовите одлучија да ги искористат стабилните услови на патеката за подолги стинтови. Грожан беше еден од само двата возачи кои го подобрија своето време по паузата за ручек, другиот беше Марк Вебер, со Ред Бул. Австралијанецот беше четврти најбрз со 0.578сек. заостанување зад најбрзото време и комплетираше 102 круга со RB8.
Ферари повторно многу резервиран. Фелипе Маса само втор пат во пред-сезонските тестирања извозе над 100 круга во новиот Ф2012, и уште еднаш од тимот изјавија дека нивната тест програма е фокусирана на тестирање на нови делови, а не на квалификациони или симулации на трка. На крајот на денот неговото најдобро време беше доволно за само 8-то место и побавно за повеќе од секунда од времето на Грожан.
Нико Розберг беше најзафатениот возач со извозени импресивни 128 круга и го постави петтото најбрзо време. Веднаш зад него по извозени кругови беше Виталиј Петров, кој тестираше на местото на болниот Хеики Ковалаинен, комплетирајќи 123 круга.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. РОМАН ГРОЖАН ЛОТУС 1:23.252 73
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:23.510 + 0.258 64
3. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:23.820 + 0.568 118
4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:23.830 + 0.578 102
5. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:23.992 + 0.740 128
6. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:24.216 + 0.964 113
7. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:24.305 + 1.053 98
8. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:24.318 + 1.066 105
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ КАТЕРХАМ 1:24.876 + 1.624 123
10. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:25.587 + 2.335 58