Жан-Ерик Верн со Торо Росо изненадување на денот !!!
Роман Грожан го постави најдоброто време на вториот ден од финалниот тест во Барселона. Денот почна со густа магла на патеката, па почетокот беше одложен за половина час, на што се должи и продолжетокот од 30 минути на крајот на денот. Изненадување на денот ќе беше Жан-Ерик Верн со Торо Росо, кој го имаше најбрзото време 1:23.126 поставено половина час пред паузата за ручек. Неговото време беше поставено на меки гуми.За тоа да не биде така се погрижи Грожан на две минути пред крајот на сесијата кога излезе со меки гуми на неговиот болид и го постави најбрзото време, со што стана првиот возач кој бил најбрз на два тест дена.
Забележителен ден за Фернандо Алонсо и Ферари кои беа најбрзи во поголемиот дел од утринската сесија, што ги загреа домашните навивачи на трибините на патеката. Неговото најдобро време беше поставено на тврдите гуми и Ф2012 покажа задоволителни перформанси, но од Италијанскиот тим велат дека се уште имаат многу работа за да се запознаат со болидот.
Луис Хамилтон и Мекларен повторно беа воздржани, го забележаа деветтото најбрзо време и само извозени 65 круга. Од тимот изјавуваат дека уште надградби се очекуваат да пристигнат за болидот во текот на ноќта, што значи дека нивните викенд времиња ќе бидат најдобрата индикација за нивните вистински перформанси пред Мелбурн.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. РОМАН ГРОЖАН ЛОТУС 1:22.614 123
2. ЖАН-ЕРИК ВЕРН ТОРО РОСО 1:23.126 + 0.512 31
3. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:23.361 + 0.747 85
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:23.447 + 0.833 124
5. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН КАТЕРАМ 1:23.828 + 1.214 104
6. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:23.836 + 1.222 77
7. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:23.893 + 1.279 33
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:23.978 + 1.364 79
9. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:24.111 + 1.497 65
10. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:24.925 + 2.311 48
11. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:25.801 + 3.187 20