Кими Раиконен шампионски ја заврши оваа тест сесија!!!
Кими Раиконен со Лотус заврши како најбрз на последниот ден од последната тест сесија пред стартот на сезоната во Формула 1. Попладнево никој не беше во можност да го победи неговото време од утринскиот дел од сесијата.
Како по обичај повеќето тимови на попладневната сесија се фокусираа на симулации на трка. Значи Кими со Лотус го забележа најбрзото време на првиот и последниот ден од пред сезонските тестирања. Само да се надеваме дека ќе помине подобро од Рубенс, кој со Вилијамс беше најбрз минатата година.Изненадувањето на денот го приредија Себастијан Ветел и Ред Бул, кои со новите надградби комплетираа само 23 круга. На почетокот од сесијата, младиот Германец го скрши новото предно крило на неговиот болид, а потоа имаше проблеми со менувачот. Ако било кој друг тим ги имаше овие проблеми веднаш ќе го отпишевме од добар пласман, но со RB8 мора да сме внимателни. Денес малку повеќе загрижени лица во нивната гаража, вистина или прикривање на вистинската состојба? Факт е дека ова не беше идеален ден за нив, побрзаа со надградби во последен момент, комплетираа со нив неколку круга, со не баш импресивно темпо.
Мекларен како по обичај имаа продуктивен ден со својот нов аеро пакет со Луис Хамилтон зад воланот на МП4-27. Тој комплетираше 115 круга и неговото најдобро време беше само 0.4сек. побавно од Раиконен. Хамилтон извозе двојно повеќе од километражата на тимскиот колега Џенсон Батон, и го помина попладнето во обид да го најде своето оптимално подесување на болидот пред првата трка сезонава.
Фернандо Алонсо беше втор најбрз, но вистинските перформанси на Ферари остануваат мистерија. Тимот во петокот призна дека се уште се борат да добијат целосно разбирање на болидот, следниот ден одлучија да ги откажат сите интервјуа за остатокот од викендот. Сепак, 1:22.250 на Алонсо беше најбрзото време на Ф2012 и неговите 115 круга ќе дадат на тимот многу податоци кои треба да се анализираат во пресрет на Австралија.
Сега може да очекуваме да слушнеме некои гласини и потоа вистината на дело на 16-18 Март во Мелбурн!
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. КИМИ РАИКОНЕН ЛОТУС 1:22.030 121
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:22.250 + 0.220 115
3. БРУНО СЕНА ВИЛИЈАМС 1:22.296 + 0.266 53
4. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:22.312 + 0.282 101
5. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:22.386 + 0.356 72
6. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:22.430 + 0.400 115
7. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ КАТЕРАМ 1:22.795 + 0.765 101
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:22.939 + 0.909 100
9. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:23.347 + 1.317 48
10. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:23.393 + 1.363 100
11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:23.608 + 1.578 23