Дождот спречи возачите да го покажат целосниот потенцијал на болидите
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГСо нестрпливост го очекувавме почеток на сезоната 2012. Чекавме да ги видиме првите кадри од Австралија, но не очекуваме дека ќе се изначекаме да видиме пристоен круг од некој болид, од било кој тим, се тоа поради дождот и влажната патека. Друга работа е што нема пренос во Македонија и се снајдувавме кој како знае и умее да најдеме каде да ги гледаме тренинзите. Во предност беа тие што имаат брз интернет, но и Tring Sport во понудата на своите кабелски опрератори. Патеката сепак релативно брзо се исуши и возачите успеаа колку толку да извозат со гумите за суво. Од нив најбрз беше Џенсон Батон, а неговиот тимски колега Луис Хамилтон беше втор најбрз, следен од денес одличниот Михаел Шумахер. Возачите на Мерцедес АМГ ги забележаа своите најдобри времиња порано од оние на Мекларен, т.е. на повлажна патека.
Четврто време за Фернандо Алонсо, а шпекулациите дека Ферари Ф2012 не е баш добар болид се покажаа како точни. Алонсо и Маса се "бореа" со болидот да го задржат на патеката, а Бразилецот си дозволи грешка, излезе со задниот дел на влажната трева и следуваше најспектакуларното излетување денес на Алберт Парк.
Ред Бул беше премногу резервиран и не неговите возачи не направија брзи времиња. Од ваквиот развој на настаните тешко дека може да се донесат некакви заклучоци, па ќе ја чекаме сабота кога се надеваме дека тимовите ќе ни прикажат нешто од своите вештини.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:27.560 11
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:27.805 + 0,245 14
3. Михаел Шумахер Мерцедес 1:28.235 + 0,675 17
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:28.360 + 0,800 21
5. Марк Вебер Ред бул 1:28.467 + 0,907 21
6. Нико Розберг Мерцедес 1:28.683 + 1,123 22
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:28.908 + 1,348 23
8. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:29.415 + 1,855 16
9. Кими Раиконен Лотус 1:29.565 + 2,005 8
10. Камуи Кобајаши Заубер 1:29.722 + 2,162 26
11. Себастијан Ветел Ред бул 1:29.790 + 2,230 21
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.865 + 2,305 17
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:29.881 + 2,321 18
14. Бруно Сена Вилијамс 1:29.953 + 2,393 21
15. Серџо Перез Заубер 1:30.124 + 2,564 22
16. Роман Грожан Лотус 1:30.515 + 2,955 16
17. Хеики Ковалаинен Caterha: 1:30.586 + 3,026 16
18. Фелипе Маса Ферари 1:30.743 + 3,183 11
19. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:31.178 + 3,618 17
20. Виталиј Петров Катерам 1:31.983 + 4,423 8
21. Тимо Глок Марусија 1:34.730 + 7,170 8
22. Чарлс Пик Марусија 1:40.256 + 12,696 11
23. Нараин Картикејан ХРТ без поставено време
24. Педро де ла Роса ХРТ без поставено време
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Вториот слободен тренинг повторно започна на влажна патека, со многу поголемо чекање да се појават слик гумите. Само во последните 20 минути од тренингот видовме повеќе акција. Михаел Шумахер го забележа најбрзото време. Брзиот круг на Шумахер дојде во последната минута откако веќе беше прикажано знамето за крај на тренингот. Новиот систем на задното крило на Мерцедес АМГ е топ тема во Австралија, систем кој се чини дека во моментов работи перфектно.
По вакви дождливи тренинзи не може да зборуваме за распределбата на силите. Повеќето од возачите кои забележаа брзи кругови најверојатно беа со помалку гориво, така да 10-тата позиција не е баш реалната слика за силината на Ред Бул. Истото важи и за возачите на Мекларен. Интригантен е податокот што Ред Бул и Мекларен користеа различни гуми за суво откако патеката се исуши. Дека ова беше само тренинг од кој не може многу да се заклучи потврдува и импресивниот резултат за Ковалаинен и Катерам со 8-та позиција. Најголемите проблеми ги имаа возачите на ХРТ.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Михаел Шумахер Мерцедес 1:29.183 16
2. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.292 + 0.109 19
3. Серџо Перез Заубер 1:30.199 + 1.016 23
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:30.341 + 1.158 13
5. Камуи Кобајаши Заубер 1:30.709 + 1.526 14
6. Пол ди Reta Форс Индија 1:31.466 + 2.283 13
7. Фелипе Маса Ферари 1:31.505 + 2.322 14
8. Хеики Ковалаинен Катерам 1:31.932 + 2.749 16
9. Нико Розберг од Мерцедес 1:32.184 + 2.001 17
10. Себастијан Фетел Ред Бул 1:32.194 + 3.011 19
11. Марк Вебер Ред Бул 1:32.296 + 3.113 20
12. Тимо Глок Марусија 1:32.632 + 3.449 17
13. Виталиј Петров Катерам 1:32.767 + 3.584 15
14. Роман Грожан Лотус 1:32.822 + 3.639 11
15. Џенсон Батон Мекларен 1:33.039 + 3.856 18
16. Луис Хамилтон Мекларен 1:33.252 + 4.069 11
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:34.108 + 4.925 21
18. Кими Раиконен Лотус 1:34.275 + 5.092 7
19. Бруно Сена Вилијамс 1:34.312 + 5.129 17
20. Жан-Ерик Vergne Торо Росо 1:34.485 + 5.302 29
21. Даниел Рикардо Торо Росо 1:34.604 + 5.421 31
22. Чарлс Пик Марусија 1:34.770 + 5.587 13
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:42.627 +13.444 16
24. Педро де ла Роса ХРТ без поставено време