ПРЕСВРТ: МЕРЦЕДЕС Е ИНОВАТОРОТ КОЈ ЌЕ СЕ КОПИРА ОВАА СЕЗОНА.
3/15/2012 01:23:00 PM
0
Надежите на Мерцедес АМГ за постигнување добри резултати оваа сезона добија нов поттик со тоа што пред стартот на Австралиското Гран При, ФИА ја потврди легалноста на нивното задно крило, концепт на F-duct канал кој прв го воведува овој тим. Овој изум на Мерцедес АМГ предизвика интерес од нивните ривали во текот на пред сезонските тестирања, па беше пријавен во ФИА да се испита неговата легалност. Тоа всушност е F-duct систем на задното крило за кој не беше јасно дали се активира од страна на возачот или работи самостојно, а неговата намена е да се зголеми праволиниска брзина на болидот.
Чарли Вајтинг, шеф на ФИА Ф1 техничкиот оддел рече:
"Некои екипи кои учествуваа во ова сослушување мислеа Ф-каналите беа забранети. Па, Ф-канали не се забранети... На крајот на 2010 година сите Ф-канали кои се управувани од возачот беа забранети за употребата. Возачот со свои потези, движења не смеат да влијаат на аеродинамичките перформанси на болидот."
Вајтинг не открива повеќе детали за тоа како овој системот Мерцедес АМГ работи, но рече дека тоа е целосно пасивен систем. Нема подвижни делови во него, не е поврзан со суспензијата, воланот, никој друг дел на болидот. Затоа нема правило што го забранува овој систем.
Но конкуренцијата не спие, Кристијан Хорнер рече дека неговиот тим веќе работи на идејата на Мерцедес АМГ на задното крило кое "замрзнува" при активирањето на DRS-системот. Според Хорнер, сепак идејата на ФИА била да ги елиминира ваквите системи наречени F-duct. Хорнер мисли дека сега сите водечки тимови ќе треба да го изкопираат или да развијат сопствена верзија на системот на Мерцедес АМГ.
Од друга страна според Рос Браун вели дека никој нема поим што е F-duct и никој не може да даде дефиниција, што точно претставува тој систем, вклучувајќи ја и ФИА.
Подетално како работи овој систем имате на ScrabsF1
Tags
Share to other apps