2012 МАЛЕЗИЈА ГП: НЕКОЈ ПЛАЧЕ, НЕКОЈ Е ЗАДОВОЛЕН !!!
3/23/2012 06:06:00 PM
0
Кими Раиконен ќе биде казнет со пет места поназад за стартот на Малезиското Гран При по промената на менувач на неговиот болид.
Фернандо Алонсо ја спореди работата на Ферари на петочните тренизи како составување на аеродинамичката сложувалка наречена Ф2012, а Фелипе Маса изјави дека го подесувал болидот на погрешен начин. Шпанецот исто така предупреди дека од Ферари не може да се очекуваат чуда за време на Малезиското Гран При.
Џенсон Батон вели дека ќе ја брка Пол позицијата на утрешните квалификации и покрај високото ниво на трошење на гумите на Пирели во Малезија.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул сака дополнително појаснување новиот систем на Мерцедес АМГ. Се со цел другите тимови да можат да добијат цврст став околу тоа дали тие треба да инвестираат во оваа технологија. Не знам што сакаат веќе двапати е кажано дека е ОК. Според коментаторот на Скај Ф1, тоа го прават за да ја разберат работата на овој систем, како би го копирале што побрзо.
Луис Хамилтон вели дека е задоволен со балансот на неговиот болид по поставувањето на најбрзите времиња на денешните тренинзи.
Михаел Шумахер е оптимист дека Мерцедес АМГ ги има подобрено своите перформанси на долги стинтови во Малезија, но признава дека не знае дали тоа е брзо во однос на Мекларен и Ред Бул.
Кими Раиконен изјави дека денес тој не добил шанса да го покаже целосниот потенцијал на Лотус и се надева дека ќе се направи напредок во сабота. Неговиот тимски колега, Роман Грожан, имаше лимитирано попладне во Малезија по дупнатата гума.
Себастијан Ветел верува дека Ред Бул е поблиску до Мекларен во Малезија отколку што беше на трката во Австралија, но немаат темпо за Пол позиција.
Серџо Перез вели дека не е заинтересиран за шпекулации дека тој може да го замени Фелипе Маса во Ферари, додека Бразилецот инсистира дека не му пречат гласините во италијанскиот печат дека тој може да биде заменет.
Tags
Share to other apps