Луис како што се очекуваше, нова 1-2 Пол позиција за Мекларен
Луис Хамилтон повторно го забележа најбрзото време, а со тоа и нова Пол позиција оваа сезона и заедно со тимскиот колега Џенсон Батон повторно ќе стартуваат од првиот ред на трката за Големата награда на Малезија. Веднаш зад нив се пласираше Михаел Шумахер со Мерцедес АМГ.
Мекларен го повторија своето издание од Австралија, но трката може да биде сосема друго предизвик. Трошењето на гумите ќе биде главен фактор и ќе биде интересно да видиме што ќе се случи утре на патеката. Михаел Шумахер со Мерцедес АМГ во одлично издание, а Нико Розберг повторно си дозволи грешка, па така тој остана само на осмата позиција.
Ред Бул тактизираа, не атакуваат на Пол позицијата, па Марк Вебер стигна до четвртата позиција, а Себастијан Ветел во последната сесија наместо со медиум гуми кои ги користеа сите возачи, излезе со потврдата компонента и така утре ќе стартува со различни гуми од сите во Најдобрите 10. Дали ова ќе се покаже како вистинско решение за трката ќе видиме утре.
Добро возење за Кими Раиконен, го забележа 5-тото најбрзо време и во Лотус сега може да жалат за казната поради промената на менувачот. Така Раиконен ќе треба да стартува од десетта позиција. Седмата позиција за Грожан за добри квалификации за Лотус.
За Ферари работите не изгледаат поразлично од пред една недела. Деветта позиција за Алонсо, а Фелипе Маса се чини дека малку се приближи до Алонсо, но не успеа да се пласира во Топ 10. Тоа, пак, му овозможи на Серџо Перез да стигне до 10-тата стартна позиција. За разлика од Австралија денес сите болиди ја поминаа границата од 107%.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:36.219
2. Џенсон Батон Мекларен 1:36.368 + 0.149
3. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:36.391 + 0.172
4. Марк Вебер Ред Бул 1:36.461 + 0.242
5. Кими Раиконен Лотус 1:36.461 + 0.242
6. Себастијан Фетел Ред Бул 1:36.634 + 0.415
7. Роман Грожан Лотус 1:36.658 + 0.439
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.664 + 0.445
9. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.566 + 1.347
10. Серџо Перез Заубер 1:37.698 + 1.479
Q2 Најбрзо Време: К.Раиконен 1:36.715 Разлика
11. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:37.589 + 0.874
12. Фелипе Маса Ферари 1:37.731 + 1.016
13. Бруно Сена Вилијамс 1:37.841 + 1.126
14. Пол ди Реста Форс Индија 1:37.877 + 1.162
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:37.883 + 1.168
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:37.890 + 1.175
17. Камуи Кобајаши Заубер 1:38.069 + 1.354
Q1 Најбрзо Време: М.Вебер 1:37.172 Разлика
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.077 + 1,905
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:39.306 + 2,134
20. Виталиј Петров Катерам 1:39.567 + 2,395
21. Тимо Глок Марусија 1:40.903 + 3,731
22. Чарлс Пик Марусија 1:41.250 + 4,078
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:42.914 + 5,742
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:43.655 + 6,483
107% Време: 1:43.974