Денес многу делови од болидите беа на патеката!!!
Џенсон Батон ја презеде врз себе вината за судирот со Картикејан: "Јас едвај ja одржуваv температурата на гумите и судирот со Нараин беше моја вина. Задниот крај на болидот ми побегна при сопирањето, се обидов да поминам низ кривината, но на крајот не можев да го избегнам контактот. Ова беше тешка трка и се избега од контрола. Сè што можеше да тргне наопаку тргна наопаку. Јас можев само да се смеам, беше толку лошо. Жал ми е за фановите кои очекуваа повеќе од мене. Но, ние мора да продолжиме да се бориме. Ќе ја заборавам оваа трка што е можно побрзо и ќе се фокусирам на Кина."
Себастијан Ветел, многу изнервиран ги загуби Шампионските манири. Тој на крајот од трката мислеше дека Нараин Картикејан е одговорен за судирот што го остави на крајот без бодови на Малезија ГП-и и го нарече "краставица":
"Најважното од се беше што ние ја загубивме радио комуникацијата, а тоа е голем недостаток во овие тешки услови, кога треба да се знае што се случува на патеката. Сепак, ние го дадовме нашиот максимум и се искачивме до четвртото место. Да се загуби како што ми се случи мене е многу фрустрирачки. Некои луѓе треба да погледнат каде возат. Како и во реалниот живот, постојат неколку "Краставици" на патот."
Михаел Шумахер го освои првиот бод оваа сезона, но признава дека тоа не е ни блиску до она на што тој се надевал на оваа трка. По неговата најдобра стартна позиција по кам-бекот во Формула 1, сите очекуваа многу од Шумахер. Но, Германецот повторно немаше среќа. Тој се изврте на патеката, по допирот од страна на Ромен Грожан, каде што загуби многу позиции. Трката ја заврши на 10-тото место.
"Ако погледнеме од која позиција ја стартував трката, навистина е срамота што освоив само еден бод. Се разбира дека сакав подобар крај на трката за тимот, по напорната работа. Но, многу брзо се најдов на крајот на поредокот, по извртувањето на почетокот на трката, што ја одлучи мојата трка денес. Во текот на првиот дел од трката, јас само се обидов да останам на патеката, бидејќи не можев да гледам ништо. Прекинот на трката беше правилна одлука. По рестартирање на трката, темпото не беше далеку од водечките, но имаше други тимови, па беше невозможно да се добие некое место повеќе".
За разлика од него Роман Грожан мисли дека самиот Шуми бил крив за нивниот инцидент на почетокот на трката: "Јас бев таму и бев претпазлив, но мислам дека бев удрен во криваната од Шумахер и двајцата се извртевме. Од тој аспект на трката изгледаше многу лошо".