Алонсо по подолго време го вкуси Победничкото Шампањско !!!
Фернандо Алонсо, победникот на интересната трка во Малезија, верува дека Ферари има уште многу работа за да направи конкурентен болид:
"Ова беше големо изненадување денес. Ние не бевме конкурентни, нити овде нити во Австралија. Нашата цел беше да се соберат што повеќе поени, а денес освоивме 25 што е неверојатен резултат. Ова е одличен резултат за тимот. Не бевме лошо и на квалификациите, а денес останавме целосно смирени и покрај екстремните услови на патеката. Супер работа на целиот тим. Тие ја заслужија оваа победа."
"Ова се тешки времиња за нас, но ние сигурно ќе ја паметиме оваа трка. Искрено, ништо нема да се промени во работата на тимот. Во моментов ние сме во позиција каде што ние би сакале да бидеме. Наша цел не е да се бориме за влез во Q3 и да освојуваме поени. Нашата цел е да се бориме за Пол позицијата и Победа. Во Кина, Бахреин и Барселона ќе имаме многу нови работи на болидот, кои би требало да ни помогнат за подобри резултати. Болидот е постојан, но не е доволно брзо. Бевме среќни што го зачувавме првото место денес."
Серџо Перез пресреќен со второто место, но мисли дека победата му избегала по негова вина:
"Дефинитивно мислам дека можев до Победата. Успеав да го стигнам Фернандо на крајот. Знаев дека морам да нападнам што побрзо пред да ги изгубам гумите, но не беше лесно. Следуваше моја грешка, отидов премногу широко, го допрев рабникот покрај патеката и веднаш се најдов надвор од неа. Со тоа веројатно ја загубив победата. Тешко е да се помине Фернандо, но победата беше возможна. Тимот направи фантастична работа, па јас сум многу среќен за нив."
Луис Хамилтон задоволен од третото место:
"Дефинитивно, мислам дека можеме да бидеме задоволни. Им честитам на Фернандо и Серџо, тие и двајцата извозеа многу добра трка денес. Се разбира дека би сакал да заминев од Малезија со повеќе поени, но не можам да се жалам, сепак сум на подиумот. Јас сум прилично среќен што втор викенд по ред сум со пласман на подиумот. Денес завршивме добра работа"