AZERBAIJAN GRAND PRIX (Baku)
3/10/2012 03:49:00 PM
0
Кога е изградена патеката?
Не беше. Баку е една од поновите градски патеки во календарот на Формула 1, заедно со Џеда, Мајами, Лас Вегас.
- Кога беше првата трка?
Првата трка во Баку се одржа во 2016 година, како ГН на Европа. Следуваше инаугуративната Голема Награда на Азербејџан во 2017 година, кога бевме сведоци на еден од најголемите изненадувања во сезоната, со Даниел Рикиардо како Победник пред Валтери Ботас со Вилијамс и Ленс Строл, додека Луис Хамилтон и Себастијан Ветел имаа расправија зад безбедносниот автомобил.
- Каква е патеката?
Мешавина од широки и долги правци и тесни свиоци. Главниот правец по должина на крајбрежјето е место на голема заветрина, погодно за напад во првиот свиок. Но, оттаму, патеката станува тесна минувајќи низ делот на стариот град. Како и во Монако, и најмалите грешки се казнуваат. Тимовите се принудени да избираат помеѓу поголема потисна сила за стабилност низ свиоците или помал отпор за топ брзина на правците.
Share to other apps