Дел од атмосферата во Австралија
Мерцедес АМГ возвраќа на нападите:
На Рос Браун му се смачи само неговиот тим да биде напаѓан, па изјави дека ако некој мами во Формула 1 тоа е тимот на Ред Бул. Од тимот на Мерцедес АМГ со звучна анализа утврдиле дека Австрискиот тим, чии што болиди се придвижувани од моторите на Рено, користат илегален трик за штедење на горивото, по потреба исклучувајќи го и вклучувајќи го работењето на некои цилиндри. Веднаш реакција на сопственикот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој возврати:"Никој нема да пронајде нешто нелегално, нашиот болид целосно е направен според техничките правила на ФИА."
Мекларен се заканува, во Малезија ќе бидеме уште побрзи.
Шефот на Мекларен, Мартин Витмарш, смета дека карактеристиките на патеката во Малезија уште повеќе ќе му одговараат на МП4-27: "Доколку го погледнете тестирањето во Барселона, бевме исклучително добри во брзите кривини. Делуваше дека сме најбрзи во тие сектори, додека Ред Бул беа подобри во спорите кривини на патеката. Беше добро чувството во Австралија кога видовме дека сме брзи и во спорите кривини и мислам дека теоретски постои можност да бидеме уште побрзи на Сепанг. Тоа е патека со брзи кривини и мислам дека таму би можело да бидеме во многу добра позиција. Со нетрпение го очекувам следниот викенд и мислам дека имаме голема шанса."
Медиуми го величеа Фернандо Алонсо за добрата трка во Австралија:
Алoнсо уште еднаш го спаси Ферари од катастрофа, Предност за Ферари е фактот што имаат возач како Фернандо Алонсо, со помош на својата интелегенција и амбиции, во неделата тој направи сензација, што со сигурност ќе го придвижи неговиот тим, 5-тото место е вистинско чудо. Болидот е ужасен, што го става тимот во средината од поредокот... се дел од написите по Италијанските и Шпанските весници. Колку што Алонсо беше глорифициран, толку Маса трпи критики:
Од тимот на Ферари застанаа зад својот возач, дури и му подготвија нова шасија за втората трка од оваа сезона. Фелипе знае дека може да смета на својот тим во секој поглед. Новата шасија е за да се расчистат сите сомневања во перформансите на неговиот болид за време на викендот на Алберт Парк.”