Некои немаа гајле и на дождот
Луис Хамилтон мисли дека Мекларен е во игра за Пол Позицијата:
"Чувствувам дека сме тука некаде, но незнам со колкаво количество на гориво возеа останатите возачи. Мислам дека е мала разликата помеѓу нас, Ред Бул, Мерцедес АМГ и Ферари, па утре ќе биде навистина интересно. Ова беше малку досаден петок. Би сакал повеќе да бев во болидот на патеката. На утрешниот последен тренинг пред квалификациите ќе бидеме активни од самиот почеток и ќе работиме на подесувањето на болидот. Гумите се многу тешки за возење по ладна патека. Пол позицијата дефинитивно е местото на кое се надеваме, но мислам дека тоа нема да биде најважната позиција за Победа."
Себастијан Ветел се надева на подобра сабота:
"Можеби не добивме се што ни е потребно, но можеме да бидеме задоволни. Утринава работите не беа добри, воопшто не бев задоволен од мојот болид, додека во текот на попладнето беше малку подобро. Имавме малку време во текот на попладневните часови. Наша цел беше да го пронајдеме вистинскиот баланс и да разбереме како ќе се однесува нашиот болид при вакви услови. Се надевам дека утре ќе бидеме побрзи."
Ферари го фаворизира Ред Бул:
"Мислам дека засега Ред Бул е пред сите останати тимови. Можеби дури и половина секунда. Ние таа проценка ја направивме врз основа на распределбата на гориво, по што ми се чини дека тие имаа предност од 5-7 десетинки по круг." рече Фрај, кој како да станува дежурниот песимист во тимот на Ферари.Алонсо малку внесе позитивна атмосфера:
"Во овој момент не знаме кој е брз, а кој не. Не давајте големо значење на она што се зборува по медиумите."