Сите се радосни како завршија првите Квалификации оваа сезона
Завршија првите Квалификации оваа сезона и го потврдија она што сите потајно го очекувавме, неизвесност во Формула 1. Луис Хамилтон и Џенсон Батон со Мекларен беа супериорни и ќе утре ќе стартуваат од првиот ред. Хамилтон извозе добар и брз круг уште на почетокот од третата сесија, при првото излегување на патеката. Батон подоцна успеа да се доближи, но неговото време не беше доволно за Пол позицијата.
Лотус и најмногу Роман Грожан го направија најголемото изненадување денес со освојувањето на третата позиција. Тимот на Рено, кој сега се нарекува Лотус, исто така, започна силно и минатата сезона, па да се надеваме дека и така ќе продолжат. За жал грешката на Раиконен го чинеше отпаѓање уште во првата квалификациона сесија, на разочарување на голем број од неговите фанови.
Како што и се очекуваше Мерцедес АМГ како да се во подобра форма од минатата сезона, но ни претстои трката за да ги потврдат нивните перформанси. Четвртата позиција за Михаел Шумахер и седмата за Нико Розберг, кој имаше грешка во последниот свој обид и се лиши од можноста да биде понапред.
Изненадување во негативна смисла е Ред Бул. Иако сите очекуваа тие да се борат за Пол позицијата, но денес работите не се одвиваа на вообичаениот начин на кој бевме навикнати да гледаме(и добро што е така). Марк Вебер само петти, пред Светскиот Шампион за 2011, Себастијан Ветел, на шестата позиција. Ветел веќе изјави дека најмногу не е задоволен од себе си, бидејќи си дозволил грешки и во помала мера од болидот. Сепак, тој беше категоричен дека денес тешко дека ќе го стигнеле Мекларен.
Пријатно изненадување беа Вилијамс со Пастор Малдонадо на осмата позиција. Во најдобрите 10 се пласираа уште и Нико Хулкенберг, кој докажа дека е направена грешка минатата сезона, кога не беше дел од Формула 1 и Даниел Рикардо со Торо Росо.
Можеби најголемото разочарување, иако е тешко да се нарече изненадување, се покажаа Ферари. Нивниот болидот едноставно не сака да биде на патеката, што веќе го знаевме, но денес ни потврдија дека им недостига и брзина. Алонсо си дозволи на неславен начин да го заврши овие квалификации, направи грешка и заврши во чакалот покрај патеката, доволно за 12-тата позиција. Фелипе Маса, исто така, нема со што да се пофали денес, само 16-та (ви се верува ли, Ферари 16-ти ?!?!?!) позиција за него.
Кими Раиконен беше најпознатиот возач кој отпадна во првиот дел од квалификациите. Тој не успеа да ја фати кривината 12, излезе надвор од патеката во неговиот последен и брз круг. Потоа беше многу бавен во враќањето, па не успеа да стигне навреме за нов круг. Хеики Ковалаинен и Виталиј Петров по добрите тест сесии не можеа да се придвижат кон средината на поредокот и квалификациите ги завршија во првата сесија. Под нив беа болидите на Марусија, Тимо Глок и Чарлс Пик и болидите на ХРТ, Нараин Картикејан и Педро де ла Роса кои не успеаа да ја минат границата од 107%, и дополнително може да се најдат под истрага за попречување на другите возачи.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:24.922
2. Џенсон Батон Мекларен 1:25.074 + 0,152
3. Роман Грожан Лотус 1:25.302 + 0,380
4. Михаел Шумахер Мерцедес 1:25.336 + 0,414
5. Марк Вебер Ред Бул 1:25.651 + 0,729
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.668 + 0,746
7. Нико Розберг Мерцедес 1:25.686 + 0,764
8. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:25.908 + 0,986
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.451 + 1,529
10. Даниел Рикардо Торо Росо без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:25.469 Разлика
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.429 + 0,960
12. Фернандо Алонсо Ферари 1:26.494 + 1.025
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:26.590 + 1,121
14. Бруно Сена Вилијамс 1:26.663 + 1,194
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:27.086 + 1,617
16. Фелипе Маса Ферари 1:27.497 + 2,028
17. Серџо Перез Заубер бeз поставено време
Q1 Најбрзо време: Камуи Кобајаши 1:26.182 Разлика
18. Кими Раиконен Лотус 1:27.758 + 1,576
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:28.679 + 2,497
20. Виталиј Петров Катерам 1:29.018 + 2,836
21. Тимо Глок Марусија 1:30.923 + 4,741
22. Чарлс Пик Марусија 1:31.670 + 5,488
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:33.495 + 7,313
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:33.643 + 7,461
107% Време: 1:32.214