НОРБЕТ ХАУГ: ОВА ЌЕ БИДЕ СЕЗОНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ ВО ФОРМУЛА 1!!!
4/17/2012 02:08:00 AM
0
Според Норберт Хауг, Формула 1 е на пат да ја има една од најдобрите сезони во својата историја по возбудливите први три трки од сезоната. Победата на Нико Розберг во Кина беше остварена со трет различен болид и Хауг верува дека и остатокот од сезоната може да се биде непредвидлив како во првите три рунди.
"Мислам дека ова би можело да биде една од најдобрите сезони во Формула1 на сите времиња и најтешка борба од кога и да било. Тоа ја прави нашата победа уште повеќе посебена. Актуелниот светски шампион беше малку повеќе од три десетинки побавен од најбрзиот болид во Q2 сесијата, и тој мораше да стартува од 11-тата позиција. Розберг започна од Пол позицијата со Ветел надвор од најдобрите десет, тоа само ја демонстрира моќта на Формула 1 да не изненади."
Овие резултати на почетокот од оваа сезона делумно се должат на различните нивоа на успех во изнаоѓање на вистинското подесување на болидот за добра работа со новите 2012 гуми на Пирели. Пол Хембри, Пирели, смета дека овој модел би можело да помогне да се формира навистина непредвидлива битка во првенството за остатокот од 2012 година.
"Погледнете ги само резултатите по завршувањето на трката, Нико имаше голема предност, но од второто до десеттото место разликата беше само неколку секунди, што е апсолутно фасцинантно. Никој не може да ги предвиди резултатите, дури и експертите кои ги имаат сите податоци. Мислам дека тоа е речиси невозможно да се прогнозира оваа сезона и ние треба да очекуваме многу возбудливи трки до крајот на сезонта."
Tags
Share to other apps