Нико Розберг влезе во клубот на Победници!!!
Нико Розберг конечно ја забележа неговата Прва Формула 1 Победа, и прва победа за модерната инкарнација на фабричкиот тим на Мерцедес АМГ, на возбудливото Кинеско Гран При.По подолго време имаме нов победник од Марк Вебер во 2009 на Германското Гран при. Дуото на Мекларен, Џенсон Батон и Луис Хамилтон го комплетираа подиумот, пред Марк Вебер и Себастијан Ветел.
Mерцедес АМГ денес го немаше поблемот со трошењето на гумите, но тоа секако беше потпомогнато од прилично релаксираната трка на Розберг, кој можеше добро да ги штеди своите гуми. Но за да не помине се како треба се погрижија механичарите на Михаел Шумахер, кога еден од нив не успеа да ја монтира гумата како треба, а тоа го запре Шумахер да го направи триумфот на Мерцедес АМГ поимпресивен. Стратегијата од две застанувања во боксот се покажа успешна за нив.
Добра трка имаше и тимот на Мекларен, нивните болиди стартуваа од 5-тата и 7-ма позиција, избраа агресивна стратегија со три застанувања во боксот и се качија на подиумот. Па така сега нивните возачи се на чело на табелата. Да поминеше без грешка третиот бокс на Батон, повторно и повторно слаба работа на механичарите, Британецот најверојатно ќе беше способен да изврши притисок врз Розберг за да победи на трката.
Луис Хамилтон и Марк Вебер го поминаа Себастијан Ветел во последните три круга за 3-то и 4-то место, а актуелниот шампион во тие завршни моменти на трката се мачеше со потрошените гуми и мораше да се задоволи со 5-тото место. Конечно Роман Грожан успеа да заврши во бодови, обезбедувајќи го солидното 6-то место. За разлика од него целата трка на Кими Раиконен падна во вода кога поради потрошените гуми од 2-рото место во моментот падна дури на 14-тот место на неколку круга пред крајот на трката.
Следуваат двата болиди на Вилијамс кои имаа мирна трка, ги штедеа своите гуми и ја завршија трката на одличните за нив 7-мо и 8-мо место, со Бруно Сена пред Пастор Малдонадо, одвоени само со 1.1 секунда. Фернандо Алонсо ја заврши трката на местото од каде што ја започна трката, 9-то место. Тој можеше да биде и повисоко пласиран ако не направеше грешна процена при претекнувањето Малдонадо, излета широко надвор од патеката, и падна на 11-то место. Потоа успеа да поврати назад две места. Како и да е, веќе го загуби водството во шампионатот на возачите. Маса повторно не освои поени, и повторно мораше да го пропушта Алонсо. Ништо ново од Ферари и останува да очекуваме подобрувања од нив на почетокот на Европската сезона.
Камуи Кобајаши го освои последниот поен, а веднаш зад него се пласираше Серџо Перез. Заубер едноставно не можеше да го повтори темпото од Малезија.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КИНА, ШАНГАЈ, КИНА.
56 круга, 305.066 км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч36:26.929
2. Џенсон Батон Мекларен + 20.626
3. Луис Хамилтон Мекларен + 26.012
4. Марк Вебер Ред Бул + 27.924
5. Себастијан Ветел Ред Бул + 30.483
6. Роман Грожан Лотус + 31.491
7. Бруно Сена Вилијамс + 34.597
8. Пастор Малдонадо Вилијамс + 35.643
9. Фернандо Алонсо Ферари + 37.256
10. Камуи Кобајаши Заубер + 38.720
11. Серџо Перез Заубер + 41.066
12. Пол ди Реста Форс Индија + 42.273
13. Фелипе Маса Ферари + 42.700
14. Кими Раиконен Лотус + 50.500
15. Нико Хулкенберг Форс Индија + 51.200
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 51.700
17. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:03.100
18. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
19. Тимо Глок Марусија + 1 круг
20. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
21. Педро де ла Роса ХРТ + 1 круг
22. Нараин Картикејан ХРТ + 2 круга
23. Хеики Ковалаинен Катерам + 3 круга
Најбрз Круг: Камуи Кобајаши - 1:39.960
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
М.Шумахер Мерцедес АМГ 16
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО ТРИ ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. Л.Хамилтон 45 1. Мекларен 88
2. Џ.Батон 43 2. Ред Бул 64
3. Ф.Алонсо 37 3. Ферари 37
4. М.Вебер 36 4. Заубер 31
5. С.Ветел 28 5. Мерцедес АМГ 26
6. Н.Розберг 25 6. Лотус 24
7. С.Перез 22 7. Вилијамс 18
8. К.Раиконен 16 8. Форс Индија 9
9. Б.Сена 14 9. Торо Росо 6
10. К.Кобајаши 9
11. Р.Грожан 8